Амонијак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амонијак
Ammonia-dimensions-from-Greenwood&Earnshaw-2D.png
Ammonia-3D-balls-A.png
Назнаки
7664-41-7 X mark.svgН
ChemSpider 217
EC број 231-635-3
PubChem 222
RTECS број BO0875000 (безводен)
BQ9625000 (раствор)
UN број 1005 (anhydrous)
2672, 2073, 3318 (раствор)
Својства
Молекулска формула NH3
Моларна маса 17,031 g/mol
Изглед Безбоен гас со интензивен иритирачки мирис
Густина 0,86 kg/m3 (1,013 бари, при вриење)
0,73 kg/m3 (1,013 бари, при 15 °C)
681,9 kg/m3 при −33,3 °C (течност)[1]
820 kg/m3 at -80 °C (кристална цврста супстанца)[2]
817 kg/m3 при -80 °C (транспарентна цврста супстанца)[3]
Точка на топење

−77,73 °C (195,42 K)

Точка на вриење

−33,34 °C (239,81 K)

Растворливост во вода 1176 g/100 mL (0 °C)
702 g/100 mL (20 °C)
88 g/100 mL (100 °C)
Киселост (pKa) 9,75
Константа на базицитет (pKb) 4,75
Структура
Геометрија на молекулата Тригонално пирамидална
Диполен момент 1,42 D
Штетност
EU индекс 007-001-00-5 (безводен)
007-001-01-2 (раствор)
EU класификација Токсична (T)
Корозивна (C)
Штетна за животната средина (N)
R-фрази R10, R23, R34, R50
S-фрази (S1/2), S9, S16, S26, S36/37/39, S45, S61
NFPA 704
NFPA 704.svg
1
3
0
 
Температура на запалување запаллив гас
Температура на самозапалување 651 °C
Граници на запалливост 15–28%
Максимална дозволена граница на изложеност (САД) 50 ppm
Слични супстанци
Друг(и) катјон(и) Фосфин
Арсин
Стибин
Слични nitrogen hydrides Хидразин
хидразонска киселина
Слични супстанци Амониум хидроксид
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Наводи

Амонијакот е соединение на азотот и водородот со хемиска формула NH3. При стандардни услови амонијакот е гас. Тој е отровен и корозивен за некои материјали и има карактеристичен мирис.

Молекулата на амонијакот има форма на компресиран тетраедар, попознат како тригонална пирамида. Оваа форма и дава на молекулата голем диполен момент и ја прави молекула поради што амонијакот се раствора во вода. Азотниот атом во молекулата има еден електронски пар, па амонијакот се однесува како база. Во кисел или неутрален воден раствор амонијакот може да се сврзи со хидрониум јон (H3O+), при што ја испушта водна молекула (H2O) и формира позитивно наелектризиран амониум јон (NH4+) кој има форма на правилен тетраедар. Формирањето на амониум јонот зависи од pH на растворот.

Амонијакот се употребува во производството на ѓубрива, експлозиви и полимери. Тој е и состојка во одредени детергенти за стакло. Исто така, се наоѓа во мали количества во атмосферата, а потекнува од распаѓањето на животинска или растителна материја. Амонијакот и амониумовите соли се присутни и во дождовницата, додека амониум хлоридот и амониум сулфатот се најдени во вулканските области на Земјата. Кристали на амониум бикарбонат се најдени во фецесот на некои патагониски морски птици и лилјаци (гуано). Амониумовите соли се среќаваат и во плодната почва и морска вода. Супстанциите кои содржат амонијак или се слични на него се нарекуваат амонијакални супстанции.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]