Амон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амон
Amun.svg
Типична претстава на Амон со две пера и симболот анк и жезол.
Крал на боговите
Име со хиероглифи
i mn
n
C12
Култен центар Теба
Симбол две исправени пера, овноглава сфинга
Сопружник Амунет
Восрет
Мут

Амон (изворно Амун; египетски: скриениот) е древно египетско и либиско божество, бог на Теба, стариот и главен град на Египет од 11 до 21 династија. Се смета за создавач на душата „ба“. Грците го поистоветувале со својот врховен бог Зевс. Поврзан е и со богот на плодноста Мин, па така настанал Амон-Камутеф.

Богот Амен или Амон или Амун бил првобитно локален бог на Теба. Овој „скриен“ бог, што е и значењето на неговото име, во суштина бил бог на египетскиот југ, но кога тебанските кралеви ги поразиле своите непријатели од северот и станале господари на целата земја Амен станал бог од првенствена важност. Свештениците на овој бог него го нарекувале „крал на боговите“ и настојувале да го наведат целиот Египет да го прифати како таков, но и покрај нивната моќ, сфатиле дека ова не можат да го остварат ако не го поистоветат со најстарите богови на земјата. Објавувале дека тој претставува скриена и таинствена моќ која ја создала и одржува вселената и дека сонцето е симбол на оваа моќ; така го додале на неговото име, името на Ра и во овој облик тој постепено ги узурпирал атрибутите и моќта на Ну, Хмену, Птах, Хапи и други големи богови. Освен што бил претставен како итифалусен бог, тој бил претставен и во пет други форми и тоа:

  • како човек што седи на престол со жезол во раката;
  • како човек со глава на жаба;
  • човек со глава од уреус (симбол на божествената кралска моќ);
  • како мајмун;
  • како лав.

Негово свето животно било гуската. На чело на кралот Амен-Хетеп или Аменофис IV избила побуна против Аменовата надмоќ во средината на XVIII династија, но немала успех. Овој крал толку го мразел овој бог што го сменил името во „Ху-ен-Атен“, т.е. „слава на сончевиот диск“, и наредил Аменовото име да се избрише од храмовите и други големи споменици каде тоа било можно. Овој крал сакал да го замени Аменовиот култ со Атеновиот, еден облик на богот-сонце. „Атен“ дословно значи „сончев диск“. На сликите Атен е прикажан во облик на диск од кој излегуваат многубројни раце и шаки кои даруваат живот на неговите поклоници. По Аменофисовата смрт Атеновиот култ опаднал и Амен го повратил своето влијание на египетското мнение.

Наводи[уреди]

  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ