Кек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каукет (лево) и Кек (десно) седнати на троновите, храмо Деир ел-Медина

Кек (или Кук или Кеку) е праисконско египетско божество. Тоа е и бог на темнината. Кек е андрогено божество. Како жена е познат под името Каукет (или Кекет), и претставен како змија, или жена со глава на змија. Како маж е претставен како жаба или човек со глава на жаба.