Прејди на содржината

Дуат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Извадок од египетската Книга на мртвите напишана на папирус, каде прикажано мерењето на срцето во Дуат. Анубис може да се види крајно десно. Покрај вагата е прикажана Амит како ги чека срцата кои мора да ги изеде. Присуството на Озирис на капијата на рајот Аару го сместува папирусот во доцната традиција на митот.

Дуат (коптски Аментес) – староегипетски поим кој го означува задгробниот свет во кој покојникот стапува по погребот и повторното раѓање. Според верувањето, задгробниот свет бил поделен на два дела. Мрачно Царство на Мртвите кое се наоѓа под Земјата од десната страна на Нил, додека светлиот дел „Таѓесер“ на источната страна на небото. Богот Озирис владее од делот Таѓесер под име Аару (староегипетски митолошки рај). На источниот и западниот хоризонт се допираат подземниот и небесниот Дуат.

Мртвите на патот низ Дуат поминувале низ низа капии и искушенија (на пример, би среќавале демон). Книгата на мртвите, други текстови и амајлии во саркофазите биле напатствија за покојниците како да поминат низ сите опасности и достигнат бежен живот меѓу боговите кој го симболизира анк. Оние кои успешни би ги поминале систе искушенија би стигнале до судот за мртвите души, каде Анубис им го вагала срцето. Ако душата на покојникот била оценета као праведна му се допуштало да тргне кон Аару.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • E. A. Wallis Budge (1997). The Egyptian Book of the Dead. New York: Dover Publications. ISBN 978-0-486-21866-3.CS1-одржување: ref=harv (link)
  • Hornung, Erik (1998). Die Nachtfahrt der Sonne - Eine altägyptische Beschreibung des Jenseits. Düsseldorf / Zürich: Artemis und Winkler. ISBN 978-3-7608-1200-7.CS1-одржување: ref=harv (link)