Мут

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мут

Мут или Моут, со значење мајка, е древна египетска божица на плодноста и мајчинството. Почитувана е како совршена мајка. Ја викале и „Мајка на светот“, „Окото на Ра“, „Кралица божица“, „Рајска дама“, како и „Таа која раѓа, но не е родена“.

На почетокот, водена божица била Наунет, жената на Нун, која ја викале и Нунет, но и Мут. Но подоцна Мут се појавува како божица која не е родена, па со тоа се разликува од Наунет.