Серкет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Селкис.

Серкет (Селкет, Селкит, Селкис) е египетска божица на скорпиите и на лечењето. Исто така е заштитничка на умрените, заедно со Нефтида. Свештениците на Серкет учеле лечење на рани. Во уметноста често е прикажана како скорпија со човечка глава, или како жена која на глава има круна со скорпија.