Хекет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Богот Хнум, придружуван од Хекет, го обликува Иху во комплексот на храмот Дендера

Хекет, била египетска божица-жаба, жена со глава на жаба или жена која на глава има жаба. Можела да се претвора во жаба. Нејзин сопруг е Хнум, богот-овен, кој ги создал луѓето.

Нејзиниот култ потекнува од Средното кралство, а можеби и од преддинастискиот период. Митовите ја претставуваат и како жена на Шу, богот на воздухот.

Некои веруваат дека Изида и Хекет е иста божица.