Таварет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Таварет

Таварет (Тоерис, Тварет, Туат, Таурт, со значење „Голема“) е египетска божица на бременоста и раѓањето, како и заштитничка на бремените жени. Претставена е како бремен, нилски коњ и со нозе на лав. Египќанките често носеле амајлија на Таварет за да ги заштити при пораѓањето и да ги избрка злите духови.

Првобитно Таварет била лош демон, жена на Апоп, демонот на подземниот свет. Таварет ја поврзувале со север, односно со северното небо, и била „мистерија на небото“. Во гробот на Сет I, Таварет е прикажана со моќ за лечење. Била поврзувана и со Собек, богот на крокодилите. Но со време е претворена во нилски коњ, и заедно со Хапи - како божица на Нил.