Портал:Египтологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
PortalEgiptologija.jpg
уреди   

ЕГИПТОЛОГИЈА

Tutanchamun Maske Transparent.png
Tut cartouche infofocalpoint.png

Египтологија е науката која се занимава со изучување на Стариот Египет и египетските антиквитети. Таа е регионална и тематска гранка на пошироките дисциплини античка историја и археологија. Современата египтологија (наспроти антикварскиот интерес за земјата Египет) се смета дека се зародил во 1822 година, кога Жан-Франсоа Шамполион објавил генерална дешифрација на хиероглифите за прв пат, со помош на Розетскиот камен. Постојат многу отворени проблеми во врска со Стариот Египет, а некои од нив никогаш неможат да бидат решени. Египетската археологија е во постојана транзиција, со тоа што голем дел од теримологијата и хронологија е спорна. Археолошките наоди се нецелосни, каде безброј реликвии не можат да се пронајдат или биле уништени. Прочитајте повеќе

уреди   

Избрана статија

Geb and Nut02.jpg

Египетска митологија (или египетска религија) опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка. Постојат и кратки периоди во кои владеел монотеизмот. Египетската религија главно е политеистичка, и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како „нетер“ (бог) и „нетерет“ (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет. Египет имал високо развиено сфаќање за задгробниот живот со ритуали за подготовка на телото и душата за вечниот живот после смртта. Прочитајте повеќе

уреди   

Дали знаете...

Eye of Horus bw.svg
  • ...дека фараоните во древен Египет се сфаќани како божество и така се третирани? Едно општо верување било дека фараоните се инкарнација на богот Хор додека се живи, а на богот Озирис во смртта.
  • ...дека братот на богот Озирис, Сет кој го претставувал хаосот во универзумот, го убил Озирис со тоа што го измамил да влезе во кутија, која потоа е закована и фрлена во Нил?
  • ...дека Хоровото око (на сликата) е египетски симбол на заштита и кралска моќ дадена од божествата, во овој случај од Хорус или Ра?
  • ...дека феникс е машка птица со црвено-златна боја, за која се зборувало дека живее 500, 1461 или 12.594 години?
  • ...дека Долината на кралевите е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“)?
  • ...дека Нефертити, чие име грубо преведено значи „убавата (или совршената) жена дојде“, уживала невидена моќ со подеднаков статус како оној на фараонот?
  • ...дека Ахеменидските шахови биле признавани за фараони, така сочинувајќи ја „Дваесет и седмата“ династија, меѓу кои е и Дариј I, кој владеел од 521486 п.н.е.?
  • ...дека египетскиот бог на воздухот, Шу, е син на Ра, кој го создал преку кивање, а потоа ја исплукал и неговата сестра Тефнут, божицата на влагата?


уреди   

Избрана слика

Egypt.Papyrus.01.jpg
Примерок од египетската Книга на мртвите.
уреди   

Избрана биографија

Scorpion-macehead.png

Крал Шкорпија, или ретко Серкет, е вториот од двата крала на Горен Египет со тоа име кои владееле за време на Протидинастичкиот период. Неговото име веројатно е поврзано со божицата Серкет.

Единстевеното сликовно сведоштво за неговото постоење е глава од боздоган пронајдена во главниот наоден слој во храм кај Нехен. Стратографијата на оваа глава е загубена заради методите на ископување, но стилски овој предмет датира од самиот крај на протодинастичкиот период. Прочитајте повеќе

уреди   

Вести

11 ноември 2008 година - Археологот Захи Хавас открил нова пирамида во Сахара, чија старост е проценета на 4.300 година, а за која археолозите веруваат дека ѝ припаѓа на кралицата Сешешет.


8 февруари 2006 година - Објавено е дека е пронајден до сега непознат гроб во Долината на кралевите. Ова е прв гроб кој е откриен во Долината на кралевите после 1922 година, кога Хауард Картер го открил гробот на Тутанкамон.


ОВДЕ можете да го видите „Списокот на египетски божества“


ОВДЕ можете да го видите комплетниот „Список на фараони“

уреди   

Категории

уреди   

Поврзани портали

уреди   

Египтологија на останатите вики проекти...

Викивести
(англиски)
Викицитат
(англиски)
Викиризница
(англиски)
Викиизвор
(англиски)
Викикниги
(англиски)