Долина на кралевите
Долина на кралевите (арапски: وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk; „Капија на кралот“)[1] — долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од XVI век п.н.е. до XI век п.н.е. се закопувани кралевите и други благородници на Стар Египет (од Осумнаесетта до Дваесетта династија).[2][3] Долината се наоѓа на западниот брег на Нил, наспроти Теба (денешен Луксор).[4]
Со последните откриени гробови од 2005 и 2008 година,[5] долината има 62 гроба и комори.[6] Кралските гробови се украсени со сцени од египетската митологија. Сите гробови се најверојатно отворени и покрадени во минатото, но сè уште ја прикажуваат сликата на моќта и богатството на владетелите од тоа време.
Долината на кралевите е во центарот на интерес на бројни археолози и египтолози уште од крајот на 18 век, а гробовите и погребните обичаи од тоа време сè уште се интересни за истражување. Долината е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“[7]).
Забелешки и наводи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Reeves and Wilkinson (1996), p.6
- ↑ Maspero (1913), p.182
- ↑ „Theban Mapping Project“. Theban Mapping Project. Посетено на 2006-12-04.
- ↑ Siliotti (1997), p.13
- ↑ Zahi Hawass. „Spotligh Interview: 2008“. The Plateau: Official Website for Dr. Zahi Hawass. Посетено на 2008-08-15.
- ↑ „Valley of the Kings“. Theban Mapping Project. Архивирано од изворникот на 2008-07-19. Посетено на 2008-08-09.
- ↑ „Egypt's "King Tut Curse" Caused by Tomb Toxins?“. National Geographic. Посетено на 2006-12-08.
Библиографија
[уреди | уреди извор]
|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Долина на кралевите“ на Ризницата ? |
- „Theban Mapping Project“. Посетено на 2006-12-04.
- „The Quest for Immortality, Treasures of Ancient Egypt, Virtual Tour: KV 34“. Архивирано од изворникот на 2006-11-28. Посетено на 2006-12-04.
- „Valley of the Kings photographs on GlobalAmity.net“. Посетено на 2006-12-04.
- „VOKF Foundation (Origins, Aims, Objectives: The Amarna Royal Tombs Project“. NicholasReeves.com. Архивирано од изворникот на 2009-05-31. Посетено на 2008-08-09.