Хапи
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Хапи | |||||
|---|---|---|---|---|---|
Хапи | |||||
| Името со хиероглифи | |||||
| Важен култен центар | Елефантина | ||||
| Симбол | Лотос | ||||

Хапи е египетски бог на Нил и на жетвата.[1] Го почитувале низ целиот Египет. Прикажан е со сина кожа, а го обожавале дури и повеќе од самиот Ра, посебно заради мислењето дека во темница можат да живеат, но без Нил - не. Неговото име често се меша со синот на Хор кој исто така се вика Хапи. Некои од титулите на Хапи биле „Господар на рибите и птиците од мочуриштата“ и „Господар на реката што носи вегетација“. Хапи вообичаено бил прикажуван како андрогена фигура со голем стомак и големи дојки, со ткаенина околу слабините и со церемонијална лажна брада.[2]
