Ваџет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ваџет позната во грчкиот свет како Уто или Буто, првично била античката локална божица на градот Деп (Буто), која станала дел од градот кои Египќаните го именувале Пер-Ваџет - Домот на Ваџет, град кој бил важен сајт во Пре-династичката ера на Антички Египет и на културниот развој на Палеолитот. Таа била патрон и заштитничка на Долен Египет и на после обединувањето со Горен Египет, заеднички заштитник и патрон на целиот Египет. Сликата на Ваџет со Сончевиот диск се нарекува уреус, и тој бил амблемот на круната на владетелите на Долен Египет. Таа исто така била заштитничка на кралевите и на жените при породување.

Ваџет била тесно поврзана во египетскиот пантеон со Баст, жестоката божица прикажана како лавица-воин и заштитнчка, како божица на сонцето чие око подоцна стана окото на Хорус и окото на Ра. Многу подоцна, Ваџет стана поврзана со Изида, како и со многу други божества.