Птах
Птах е египетски бог на уметноста. Најмногу е почитуван во Мемфис. Според мемфиската митологија, Птах е создавачот на светот, татко на Атум, богот на Сонцето. Во уметноста се прикажува како мумифициран човек со жезло.
Птах бил еден од најактивните од трите големи бога кои ги извршувале Тотовите заповеди, тој со неговата реч ја извршувал волјата на првобитната создавачка Моќ; бил самосоздаден, и облик на богот-Сонце Ра како оној „кој го започнува“ денот. Според еден мит, кој не добил на голема популарност во Египет, тој бил создател на светот, боговите, градовите (архитект), храната, водата итн. Од извесни алузии во Книгата на мртвите дознаваме дека тој „ја отворал устата“ на боговите и според тоа станал бог на Озиросовиот круг. Неговиот женски пандан била божицата Сехет. Третиот член на ова тројство е Нефер-Тему кој бил и поглаватар на тројството.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ
|