Баст

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бастет во нејзината подоцнежна форма како жена со глава на мачка.

Бастет била божицата на мачки, заштита, радоста, танцот, музиката и љубовта во египетската религија, таа била боготворувана од почетокот на Втората династија (2890 год. п.н.е.). Како Баст, таа била божица на војната во Долен Египет, регионот кај делтата на реката Нил, пред обединувањето на културите на антички Египет. Нејзиното име исто така е напишано како Бааст, Убасте и Басет.[1]

Двете обединети култури имале божества кои имале слични улоги и обично ист изглед. Во Горен Египет, Секмет била паралелната на Баст како воин-лавица божица. Често сличните божества биле спојувани во едно, но тоа не се случи со овие божества кои имале силни корени во нивните култури. Наместо тоа, овие божици почнале уште повеќе да се разликуваат. Во текот на дваесет и втората династија (945-715 год. п.н.е.), Баст се промени од лавица-воин божица во заштитничка божица претставена како мачка.[2] Бастет, името поврзано со овој подоцнежен идентитет, е името кое обично се користи денес од страна на научниците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Badawi, Cherine. Footprint Egypt. Footprint Travel Guides, 2004.
  2. Serpell, "Domestication and History of the Cat", p. 184.