Киселинска дисоцијациска константа
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Во хемијата и биохемијата, киселинска дисоцијациска константа (Ka) е специфичен вид на рамнотежна константа што укажува на степенот на дисоцијација на водородните јони во киселина. Рамнотежата е онаа на протонскиот трансфер од киселина, HA, до вода:
- HA(aq) + H2O(l) → H3O+(aq) + A–(aq)
Рамнотежата често се пишува како "H+(aq)", што ја рефлектира Бренстед-Лауриевата теорија за киселините:
- HA(aq) → H+(aq) + A–(aq)
Бидејќи оваа константа се разликува за секоја киселина и е многу варијабилна, киселинската константа е често презентирана од адитивната инверзија на нејзиниот логаритам:
- pKa = −log10 Ka
Со употреба на киселинската дисоцијациска константа може да се одредат концентрацијата на киселината, нејзината конјугирана база, протоните и хидроксидите. Ако некоја киселина е делумно неутрализирана, Ka исто така моѓе да се користи за пронаоѓање на pH вредноста на добиениот пуфер.