Азотни оксиди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Поимот азотни оксиди обично се однесува на бинарните соединенија на кислород и азот или нивните соединенија:

(Последните три од спискот се нестабилни соединенија.)

Хемиската реакција која доведува до создавање на азотните оксиди може да се произведe од неколку различни соединенија на кислород и азот (различни пропорционални односи), во зависност од условот на самата реакција. Ова е единствена причина зoшто се споредни нус-производите со N2O; производството на останатите две стабилни оксиди на азот, кои се патем многу токсични, е регулирано со закон.



NOx[уреди | уреди извор]

NOx е воопштена форма за моно-азотни оксиди (NO и NO2). Овие оксиди настануваат за време на процесот согорување, најчесто за време на процесот согорување на високи температури.[1][2]

На нормална, амбиентална температура кислородот и азотот не реагираат меѓусебно. За време на работата на мотор со внатрешно согорување, мешавината на воздухот и горивото произведуваат доволно висока температура за да се предизвика ендотермна реакција на атмосферскиот азот и кислородот во пламенот. Во градовите каде што сообраќајот е густ, количината на азотни оксиди е зголемена и може да биде дури и штетна.

Во присуство на повеќе кислород (O2), азотниот моноксид (NO) ќе реагира и ќе настане азотен диоксид (NO2), а временскиот период на овие реакции зависи од самата концентрација во воздухот, што може да се види од табелата: [3]

NO концентрација во воздухот

(ppm)

Време потребно половина од присутниот NO

да оксидира во NO2 (мин)

20,000 0.175
10,000 0.35
1,000 3.5
100 35
10 350
1 3500

Кога -x и некои од органските испарливи смеси се (VOC) заедно во воздухот и во присуство на сончева светлина, тие формираат фотохемиски смог, кој создава голем дел од загадувањето на природата. Овие загадувања негативно влијаат врз човековото здравје[4].

1. Азотен диоксид, ако се раствори во влага од воздухот, формира компонента (азотна киселина) кисел дожд:

2NO2 + H2O → HNO2 + HNO3

(Азотен диоксид + вода → азотеста киселина + азотна киселина).

2. Потоа азотната киселина се разложува на:

3HNO2 → HNO3 + 2NO + H2O

(азотаста киселина → азотна киселина + азотен моноксид + вода),

3. каде што азотниот моноксид реагира со кислородот, оксидира и формира азотен диоксид кој повторно реагира со водата и повторно прави азотна киселина:

4NO + 3O2 + 2H2O → 4HNO3

(азотен моноксид + кислород + вода → азотна киселина).

Азотниот моноксид исто така учествува во создавањето озонска дупка во тропосферата.[5]

Биогенетичко потекло[уреди | уреди извор]

Во земјоделството употребата на минерални ѓубрива и збогатувањето на земјиштето со азотно ѓубриво исто така помага за збогатување на атмосферските NOx, преку процесот денитрификација на активните материи од минералното ѓубриво со помош на микроорганизмите кои го забрзуваат на процесот.[6][7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Шаблон:RubberBible87th
  2. Шаблон:Merck13th
  3. „NOx Removal“. Branch Environmental Corp. конс. 26. 12. 2007.. 
  4. „Health and Environmental Impacts of NOx“. United States Environmental Protection Agency. 
  5. D. Fowler, et al.. The atmospheric budget of oxidized nitrogen and its role in ozone formation and deposition. „New Phytologist“ том  139: 11-23. doi:10.1046/j.1469-8137.1998.00167.x. 
  6. J.N. Galloway, et al.. Nitrogen cycles: past, present, and future. „Biogeochemistry“ том  70 (2): 153-226. doi:10.1007/s10533-004-0370-0. 
  7. E.A. Davidson & W. Kingerlee. A global inventory of nitric oxide emissions from soils. „Nutrient Cycling in Agroecosystems“ том  48: 37-50. doi:10.1023/A:1009738715891. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]