Затерланд
Затерланд
Saterland/Seelterlound | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Клопенбург |
Општински единици | 4 окрузи |
Градоначалник | Хуберт Фри (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 123,62 км2 |
Надм. височина | 5 м |
Население | 13.701 (31 декември 2019)[1] |
- Густина | 111 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | CLP |
Пошт. бр. | 26683 |
Повик. бр. | 0 44 92 (Шарел, Зеделсберг) 0 44 98 (Рамслох, Штриклинген) |
Портал | www.saterland.de |
Местоположба на Затерланд во рамките на округот Клопенбург | |
Координати | 53°2′N 7°43′E / 53.033° N; 7.717° EКоординати: 53°2′N 7°43′E / 53.033° N; 7.717° E |
Затерланд (германски: Saterland; затерландски фризиски: Seelterlound) — општина во округот Клопенбург, во покраината Долна Саксонија, Германија. Сместен е помеѓу градовите Лер, Клопенбург и Олденбург. Ова е матичниот крај на Затерландските Фризи кои и денес говорат на свој јазик.
Поделба[уреди | уреди извор]
Општината е создадена во 1974 г. со здружување на помалите општини Штриклинген (зат. фр. Струкелје), Рамслох (Ромелсе), Зеделсберг (Сејделсбирих) и Шарел (Схедел).
Историја[уреди | уреди извор]
Во средниот век, Затерланд бил песокливо подрачје и зафаќало површина од околу 15 км во должина и 1–4 км во ширина, окружено со мочуришта. Населен е во периодот помеѓу XX и XIII век од Фризи доселени од Источна Фризија. Поради релативната изолираност на местото, мештаните развиле сопствен облик на источнофризиски јазик наречен „затерландски“ кој опстојува и денес. Затерландските Фризи (герм. Saterfriesen) се најмалиот малцински народ признаен од властите.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Затерланд на Ризницата ?
- Службен портал на Затерланд (германски)
Галерија[уреди | уреди извор]
Двојазичен знак на германски и затерландски фризиски на влезот на Шарел
|
|