Ленинген (Долна Саксонија)

Координати: 52°43′0″N 7°46′0″E / 52.71667° СГШ; 7.76667° ИГД / 52.71667; 7.76667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленинген (Долна Саксонија)

Löningen

Поглед на Ленинген
Поглед на Ленинген
Поглед на Ленинген
Знаме на Ленинген (Долна Саксонија)
Грб на Ленинген (Долна Саксонија)
Ленинген (Долна Саксонија) во рамките на Германија
Ленинген (Долна Саксонија)
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Клопенбург
Градоначалник Буркхард Зибе (UfL)
Основни податоци
Површина 143 км2
Надм. височина 24 м
Население 13.561 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 95 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. CLP
Пошт. бр. 49624
Повик. бр. 0 54 32
Портал www.loeningen.de
Местоположба на градот Ленинген (Долна Саксонија) во рамките на округот Клопенбург
Карта
Карта
Координати 52°43′0″N 7°46′0″E / 52.71667° СГШ; 7.76667° ИГД / 52.71667; 7.76667

Ленинген (германски: Löningen) — мал град во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе, околу 25 километри југозападно од окружниот град Клопенбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Ленинген се наоѓа во долносаксонскиот округ Клопенбург помеѓу Олденбург и Оснабрик на работ на Олденбуршкиот Минстерски крај, сместен во долината на Хазе.

Градот на југозапад се граничи со округот Емсланд, а на југоисток со округот Оснабрик.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Ленинген се состои од градското јадро, како и 30 помали единици.

  • Алтенбунен
  • Ангелбек
  • Аугустенфелд
  • Беен
  • Бенструп
  • Боках
  • Боркхорн
  • Дудерштат
  • Диенкамп
  • Ерен
  • Елберген
  • Виндхорст
  • Евенкамп
  • Фарвик
  • Хагел
  • Хелмигхаузен
  • Холтхаузен
  • Хукелриден
  • Левингхаузен
  • Лодберген
  • Мадлаге
  • Мердорф
  • Нојенбунен
  • Репке
  • Шелмкапе
  • Штајнриде
  • Ферензанде
  • Вахтум
  • Верве
  • Винкум

Градското подрачје на Ленинген е поделено на пет четврти и еден Вик (место):

  • Вик (место)
  • Бунер
  • Глибигер
  • Лодбергер
  • Иберхезигес
  • Вахтумер

Клима[уреди | уреди извор]

Во градот владее океанска клима под влијание на влажни северозападни ветрови од Северното Море. Просечна годишна температура е од 8,5 до 9,0 °C и има просечни врнежи околу 700 mm.

Историја[уреди | уреди извор]

Ленинген првично се појавил во 822 година како Лоинго. Името Ленинген првпат е споменато во 1147 година во писмо до епископот од Хилдесхајм, кога областа на Ленинген припаѓала на Корвајскиот манастир. Од 1200 година, Ленинген припаѓа на грофот од Текленбург. Минстерската епископија го презела Ленинген во 1400 година. Во 1803 година завршила верската управа и Ленинген станал дел од Војводството Олденбург. Од 1810 до 1813 година, Ленинген станал дел од францускиот арондисман Квакенбрик. По лајпцишката битка, Ленинген се вратил во Олденбург.[2]

Во 1814 година, Војводството Олденбург бил поделен на 25 амтови, од кои еден од нив бил Ленинген. Амтовите биле распуштени во 1879 година, а Ленинген станал дел од округот Клопенбург.

Во текот на Втората светска војна, првите бомби паднале во областа во 1940 година, а во 1945 година окружниот суд бил уништен во бомбардирањето. На 10 и 11 април 1945 година, британските трупи пристигнале и ги опкружиле германските трупи од три страни, по што Германците се повлекле.[3]

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градското собрание

Градскиот совет се состои од 30 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 12.001 и 15.000 жители.[4] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:[5]

Партија 12 септември 2021 11 септември 2016 11 септември 2011 10 септември 2006
удел места удел гласови места удел гласови места удел гласови места
CDU 43,03 %0 13 67,72 % 12.506 20 68,49 % 11.742 21 62,72 % 12.390 19 43,03 %
SPD 8,99 % 3 18,08 % 3.340 5 12,26 % 2.102 4 19,44 % 3.840 6
GRÜNE 5,14 % 2 5,74 % 1.060 2 8,38 % 1.438 2 3,51 % 694 1
FDP 1,98 % 1 4,92 % 909 1 3,96 % 680 1 7,01 % 1.385 2
Die Linke 0,56 % 0 1,74 % 322 1
Независни за Ленинген (UfL) 37,12 %0 11
Други 0,27 % 0
Независни 1,87 % 0 1,78 % 329 1
Излезност 61,9 % 57,84 % 55,24 % 65,79 %

Градоначалник[уреди | уреди извор]

На изборите за градоначалник на 12 септември 2021 година бил избран Буркхард Зибел (UfL).[6]

Список на градоначалници на Ленинген
  • -1949: Георг Штратман
  • 1951–1952: Бернард Бергес
  • 1952–1960: Вилхелм Бишоф (CDU)
  • 1960–1972: Адолф Рихард (CDU)
  • 1972–1986: Курт Шмикер (CDU)
  • 1986–1991: Хајнрих Веселман (CDU)
  • 1991–1997: Клеменс Винклер (CDU)
  • 1997–2001: Херман Форхолт (CDU)
  • 2001–2014: Томас Штетлер (SPD)
  • 2014–2021: Маркус Вилен (CDU)
  • од 2021: Буркхард Зибел (UFL)

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Ленинген е збратимен со следниве градови:

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Jansen: Löningen in Vergangenheit und Gegenwart, 1998, S. 35 ff
  3. Jansen: Löningen in Vergangenheit und Gegenwart, 1998, S. 203 ff
  4. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  5. KDO-Wahlportal Stadtratswahlen 2021, abgerufen am 16. Juni 2022
  6. Ergebnis Bürgermeisterwahl in Löningen am 12. September2021, abgerufen am 16. Juni 2022

Надворешни врски[уреди | уреди извор]