Емсланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Емсланд
Landkreis Emsland
округ
Грб на Емсланд
Грб
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
СедиштеМепен
Површина
 • Вкупна2,881 км2 (1,112 ми2)
Население (31 декември 2019)[1]
 • Вкупно326.954
 • Густина110,000/км2 (290,000/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.EL
Мреж. местоemsland.de

Емсланд (германски: Landkreis Emsland) — округ во Долна Саксонија, наречен по реката Емс. Се граничи (од север надесно) со окрузите Лер, Клопенбург и Оснабрик, покраината Северна Рајна-Вестфалија (округот Штајнфурт), округот Грофовија Бентхајм во Долна Саксонија, и со Холандија (покраините Дренте и Гронинген).

Историја[уреди | уреди извор]

Низ историјата, подрачјето на Емсланд било многу слабо населено, пред сè поради пространите блата од двете страни на реката. Во средновековието во поречието кај Химлинг никнале мали селца. Во XIII век Минстерските епископи завладеале со регионот; Емсланд бил во сопственост на епископот сè до распуштањето на владичките држави во 1803 г. Потоа крајот влегол во состав на Прусија и Аренберг, но по Наполеоновите војни, на Виенскиот конгрес е решено Емсланд да му припадне на Кралството Хановер. Војводството Аренберг продолжило да постои како лено на хановерските кралеви. Хановер во 1866 г. е припоен кон Прусија, а наскоро настапило и расчинување на војводите (1875).

Пруската покраина Хановер во 1885 г. била поделена на окрузи, од кои четири на територијата на денешен Емсланд. Тие се споени во 1977 г. со што настанал денешниот округ.

По Втората светска војна властите усвоиле развоен план за Емсланд, со намера да го индустријализираат. Ова е спроведено со исцедување на блатата и поголеми зафати како изградба на пробна пруга за магнетнолебдечки воз „Трансрапид“ и неколку големи бродоградилишта како „Мајер-Верфт“ во Папенбург. Иако крајот го изгубил својот изворен лик, некои делови како Химлинг до денес имаат природен карактер.

Пробната пруга на „Трансрапид“.

Во 1977 г. се спроведени управни реформи со кои доготашните окрузи Линген, Мепен и Ашендорф-Химлинг се споени, образувајќи го округот Емсланд, со седиште во Мепен. Емсланд и денес е мошне католички крај за разлика од другите делови на Долна Саксонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот е сместен на границата со Холандија. Наречен е по реката Емс, која го пресекува овој крај во правец југ-север. Релјефот се одликува со совршено рамни предели кои некогаш изобилувале со блата. Единствените возвишенија се на Химлинг, кое е ридесто шумско подрачје источно од Емс.

Својствено за регионот на Емсланд е тоа што неговите жители имаат посебен идентитет и свест, каква што не е застапена во другите окрузи на покраината.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Карта на општините во Емсланд

Бројот на жители даден во загради се однесува на 31 декември 2019 г.[2]

Слободни општини и градови

  1. Гесте (11.365)
  2. Емсбирен (10.199)
  3. Залцберген (7.839)
  4. Линген, град (54.708)
  5. Мепен, град (35.313)
  6. Папенбург, град (37.766)
  7. Реде (4.292)
  8. Твист (9.605)
  9. Хазелине, град (13.029)
  10. Харен, град (23.881)

Општински заедници

  1. Дерпен (16.937)
  2. Верлте (17.042)
  3. Зегел (16.902)
  4. Латен (11.916)
  5. Ленгерих (9.229)
  6. Нордхимлинг (12.226)
  7. Фререн (10.416)
  8. Херцлаке (10.399)
  9. Шпеле (13.890)

Дерпен

  1. Валхум
  2. Випинген
  3. Дерзум
  4. Дерпен1
  5. Клузе
  6. Лее
  7. Нојбергер
  8. Нојлее
  9. Хеде

Верлте

  1. Верлте1, 2
  2. Лан
  3. Лоруп
  4. Растдорф
  5. Фрес

Зегел

  1. Бергер
  2. Верпело
  3. Грос Берсен
  4. Зегел1
  5. Клајн Берсен
  6. Хивен
  7. Шпанхаренштете
  8. Штаверн

Латен

  1. Зуструм
  2. Латен1
  3. Нидерланген
  4. Оберланден
  5. Ренкенберге
  6. Фрезенбург

Ленгерих

  1. Бавинкел
  2. Ветруп
  3. Герстен
  4. Ланген
  5. Ленгерих1
  6. Хандруп

Нордхимлинг

  1. Бокхорст
  2. Бреденберг
  3. Естервеген1
  4. Зурволд
  5. Хилкенброк

Фререн

  1. Андервене
  2. Бестен
  3. Месинген
  4. Туине
  5. Фререн1, 2

Херцлаке

  1. Дорен
  2. Леден
  3. Херцлаке1

Шпеле

  1. Лине
  2. Шапен
  3. Шпеле1
1седиште на општинската заедница; 2град

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)
  2. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2019“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. 31 декември 2019. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°40′ N; 7°15′ E / 52.67° СГШ; 7.25° ИГД / 52.67; 7.25