Леден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Леден
Селската црква во Холте-Ластруп
Селската црква во Холте-Ластруп
Грб на Леден
Леден is located in Германија
Леден
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Општ. заед. Херцлаке
Месни единици 5
Градоначалник Рудолф Фелкер (ДХС)
Основни податоци
Површина 79,88 км2
Надм. височина 30 м
Население 4.749 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 59 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 49774
Повик. бр. 05964, 05432 (Финен)
Местоположба на Леден во рамките на округот Емсланд
Карта
Координати 52°45′0″N 7°34′0″E / 52.75000° СГШ; 7.56667° ИГД / 52.75000; 7.56667Координати: 52°45′0″N 7°34′0″E / 52.75000° СГШ; 7.56667° ИГД / 52.75000; 7.56667

Леден (германски: Lähden) — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Леден се наоѓа во областа Химлинг. На северозапад реката Мителраде ја образува општинската граница, додека на југоисток е Зидраде. Неколку километри западно од местото поминува реката Емс, додека неколку километри јужно е Хазе.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини се општините Грос Берсен и Хивен на север во општинската заедница Зегел, како и општините Лан и Верлте во општинската заедница Верлте, со градот Ленинген на исток во округот Клопенбург, со општината Херцлаке на југ и градот Хазелине на запад.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Кон општината Леден припаѓаат местата Леден, Амзен, Херсум, Холте-Ластруп и Финен.

Местоположба на местата во општината

Gemeinde Laehden.png
  1. Амзен
  2. Херсум
  3. Холте-Ластруп
  4. Леден
  5. Финен

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]