Хелмштет (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хелмштет
Landkreis Helmstedt

Округ
Грб на Хелмштет Landkreis Helmstedt
Грб
Lower Saxony HE.svg
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
Адм. цент.Хелмштет
Површина
 • Вкупна674 км2 (260 ми2)
Население (31 декември 2016)[1]
 • Вкупно92.079
 • Густина140/км2 (350/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.HE
Мреж. местоhelmstedt.de

Хелмштет (германски: Helmstedt) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од запад надесно) округот Волфенбител, слободниот град Брауншвајг, округот Гифхорн, слободниот град Волфсбург и сојузната покраина Саксонија-Анхалт (окрузите Берде и Харц).

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се граничи со ридскиот масив Елм на запад и шумата Лапвалд на исток. Големи делови од округот се дел од Природниот парк Елм-Лапвалд.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на средниот век во Елм бил ископуван варовник; овој варовник бил користен за гробот на Хајнрих Лавот, како и за царската катедрала во Кенигслутер. Во средниот век, Кенигслутер бил меѓу најбогатите градови во целото Свето римско царство. Во 1576 година бил основан Хелмштетскиот универзитет, кој бил најголем универзитет во протестантска Германија.

Војводството Брауншвајг (настанато од Брауншвајг-Линебург) создало административни окрузи во 1833 година; округот Хелмштет бил еден од тие окрузи. Бил поделен на амтови Калферде, Кенигслутер, Хелмштет, Шенинген и Форсфелде.

Во 1944 година, амтот Калферде, кој претставувал ексклава, бил предаден на округот Халденслебен. Во текот на административните реформи во 1970-тите години, северните делови на округот биле предадени на округот Гифхорн и на градот Волфсбург; округот добил делови на запад од округот Гифхорн и од округот Брауншвајг).

Во текот на XX век, областа помеѓу Хелмштет и Шенинген била користена за ископ на лигнит. Неколку села (Алферсдорф, Биденштет и Рунштет) биле уништени од површинските копови; нивните жители биле преместени во Хелмштет, Шенинген и во новоизграденото село Ној Биденштет, подоцна преименувано како Биденштет.

Грб[уреди | уреди извор]

Во горниот дел е прикажан хералдичкиот коњ на Долна Саксонија. Во долниот дел се симболите за рударство и земјоделство.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Хелмштет
Градови Слободни општини Слободни области
Општински заедници
  1. Хелмштет
  2. Кенигслутер
  3. Шенинген
  1. Лере
  1. Брунслеберфелд
  2. Хелмштет
  3. Кенигслутер
  4. Мариентал
  5. Шенинген
  1. Граслебен1
  2. Мариентал
  3. Кверенхорст
  4. Ренау
  1. Бајерштет
  2. Гефенслебен
  3. Јерксхајм1
  4. Зелинген
  1. Фрелштет
  2. Ребке
  3. Зиплинген1
  4. Зиплингенбург
  5. Варберг
  6. Волсдорф
  1. Бардорф
  2. Дандорф
  3. Графхорст
  4. Грос Твилпштет
  5. Фелпке1
1седиште на општинската заедница

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°15′ СГШ; 10°55′ ИГД / 52.25° СГШ; 10.92° ИГД / 52.25; 10.92