Мариентал (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположбата на областа во округот Хелмштет

Мариентал (германски: Mariental) — слободна област во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Името на областа доаѓа од соседната општина Мариентал.

Областа има површина од 15,81 км²[1] и се граничи на југ со слободната област Хелмштет, на запад со градот Хелмптет и со општините Мариентал и Ренау, на север со општините Грос Твилпштет и Кверенхорст, додека на исток со општината Граслебен во истиот округ. На исток се граничи со округот Берде во сојузната покраина Саксонија-Анхалт. Областа опфаќа и две ексклави западно од општината Мариентал. Поради тоа, општината Мариентал скоро целосно е опкружена од истоимената слободна област.

Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 54 504.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]