Кенигслутер (слободна област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Местоположбата на областа во округот Хелмштет

Кенигслутер (германски: Königslutter) — слободна област во округот Хелмштет, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Областа има површина од 8,90 км²[1] и се граничи на север и на исток со градот Кенигслутер на Елм во истиот округ. На југ и на запад се граничи со градот Шепенштет, слободната област Ам Гросен Роде, како и општината Кнајтлинген во округот Волфенбител. Еден дел од областа претставува ексклава, кој е целосно заобиколен од градот Кенигслутер на Елм.

Слободната област е ненаселена. Од статистички причини се води под бројот 03 1 54 503.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]