Хамелн-Пирмонт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хамелн-Пирмонт
Landkreis Hameln-Pyrmont
Округ
Грб на Хамелн-ПирмонтLandkreis Hameln-Pyrmont
Грб
Lower Saxony HM.svg
Земја  Германија
Покраина Долна Саксонија
Адм. цент. Хамелн
Површина
 • Вкупна 796 км2
Население (31 декември 2015)[1]
 • Вкупно 148.281
 • Густина 190/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. HM
Мреж. место hameln-pyrmont.de

Хамелн-Пирмонт (германски: Hameln-Pyrmont) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Шаумбург, Хановер, Хилдесхајм и Холцминден и сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија (округот Липе).

Историја[уреди | уреди извор]

Округот Хамелн бил основан во 1885 година во рамките на пруската покраина Хановер. Во тоа време градот Пирмонт бил дел од Кнежевството Валдек-Пирмонт. Во 1921 година, Пирмонт на референдум одлучил да го напушти Валдек-Пирмонт и да се приклучи на Прусија. Пруската администрација го ставила градот во округот Хамелн, поради што округот бил преименуван во Хамелн-Пирмонт.

Во 1923 година, Хамелн станал слободен окружен град и не бил дел од округот до 1973 година, кога повторно бил припоен. Поголеми проширувања на територијата на округот се случиле во 1974 и во 1977 година, кога градовите Бад Миндер и Хесиш Олдендорф станале дел од округот.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во северниот дел на масивот Висорамнини Везер. Реката Везер влегува во округот од југ, тече низ Хамелн и излегува во северозападниот дел кај Ринтелн.

Грб[уреди | уреди извор]

Лавот е хералдичко животно на Грофството Еверштајн, кои ја владееле областа до 1429 година. Црвениот крст во рацето на лавот бил симбол на Пирмонт.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градовите и општините во округот Хамелн-Пирмонт
Градови Слободни општини
  1. Бад Миндер
  2. Бад Пирмонт
  3. Хамелн
  4. Хесиш Олдендорф
  1. Емертал
  2. Ерцен
  3. Залцхемендорф
  4. Копенбриге

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]