Прејди на содржината

Ерцен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ерцен
Општинското собрание на Ерцен
Општинското собрание на Ерцен
Општинското собрание на Ерцен
Грб на Ерцен
Ерцен во рамките на Германија
Ерцен
Управа
Земја Германија
ПокраинаДолна Саксонија
ОкругХамелн-Пирмонт
Месни единици14
ГрадоначалникБернхард Вагнер (СДП)
Основни податоци
Површина105,06 км2
Надм. височина173 м
Население 10.570 (31 декември 2022)[1]
 - Густина101 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HM
Пошт. бр.31855
Повик. бр.05154
Порталwww.aerzen.de
Местоположба на Ерцен во рамките на округот Хамелн-Пирмонт
Карта
Карта
Координати52°02′58″N 9°15′55″E / 52.04944°N 9.26528°E / 52.04944; 9.26528

Ерцен (германски: Aerzen) — слободна општина во округот Хамелн-Пирмонт, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа 10 километри југозападно од Хамелн и 7 километри северно од Бад Пирмонт.

Општината поседува пазарно право и со тоа има некои одлики на град, но официјално не ги добила градските права. Сепак, означена е како „флекен“ (Flecken), мала населба со локално значење.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во Везерското Средногорје, околу десет километри југозападно од Хамелн и околу седум километри северно од Бад Пирмонт. Низ местото течат Хуме и Грисебах, кој се влева во Хуме.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Соседни градови и општини се Хесиш Олдендорф, Хамелн, Емертал, Бад Пирмонт (сите во Долна Саксонија), како и Барнтруп и Екстертал (во покраината Северна Рајна-Вестфалија).

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Општината е составено од средишното место Ерцен и единиците Демке, Демкерброк, Еге, Гелерзен, Грисем, Грос Беркел, Групенхаген, Херкендорф, Кенигсферде, Мултхепен, Реер, Рајне, Рајнербек и Зелксен.

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Еден од најголемите работодавци во областа е „Ерценер Машиненфабрик“, произведувач за компресори. Во 2008 година вработувал 1000 лица.

Личности

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]