Холцминден (округ)
| Холцминден Landkreis Holzminden | ||
|---|---|---|
| округ | ||
| ||
| Земја | ||
| Покраина | Долна Саксонија | |
| Седиште | Холцминден | |
| Површина | ||
| • Вкупна | 692 км2 (267 ми2) | |
| Население (31 декември 2022)[1] | ||
| • Вкупно | 70.911 | |
| • Густина | 100/км2 (270/ми2) | |
| Час. појас | CET (UTC+1) | |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
| Рег. таб. | HOL | |
| Мреж. место | landkreis-holzminden.de | |
Холцминден (германски: Holzminden) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Хамелн-Пирмонт, Хилдесхајм и Нортхајм и сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија (окрузите Хекстер и Липе).
Историја
[уреди | уреди извор]Округот бил основан во 1833 година во рамките на Војводството Брауншвајг-Линебург. Бил преместен во пруската Покраина Хановер, како дел од размената на територии во 1942 година. Последната промена во територијата била во 1974 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот се наоѓа во Везерското Средногорје, помеѓу Хамелн и Гетинген. Реката Везер ја создава југозападната граница на округот и тече низ неговите северни делови.
Грб
[уреди | уреди извор]Лавот е преземен од грбот на Грофовијата Еверштајн; грофовите владееле со областа во XIV век и го основале градот Холцминден. Лентата долу ја претставува реката Везер.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]
| Градови | Слободни општини | Слободни области | ||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
1. Беверн |
3. Бофцен |
|||||
| 1седиште на општинската заедница;2град | ||||||
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Холцминден (округ) на Ризницата ?- Матична страница
(германски)
| ||||||||
|
