Аурих (округ)
Аурих Aurich | ||
---|---|---|
Округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Аурих | |
Површина | ||
• Вкупна | 1.287 км2 (497 ми2) | |
Население (31 декември 2019)[1] | ||
• Вкупно | 189.694 | |
• Густина | 150/км2 (380/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | AUR | |
Мреж. место | landkreis-aurich.de |
Аурих (германски: Aurich) — округ во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со Северното Море на север и северозапад, округот Витмунд на исток и округот Лер на југ. Ма југозапад се граничи со градот Емден.
Историја[уреди | уреди извор]
Округот за првпат е созададен во 1885 г. како дел од преуредувањето на управната структура наследена од Кралството Хановер кое сега станало покраина на Прусија. Единицата е обликувана со составување на подрачната единица (амт) Аурих со истоимениот самостоен град.[2] Во денешен облик округ настанал во 1977 г. со спојување на дотогашните окрузи Аурих и Норден.
Географија[уреди | уреди извор]
Аурих е сместен во најзападниот дел на Источна Фризија. На запад е устието на Емс и полуостровот Крумхерн кој се издава во него. Со население од околу 190.000 жители (2016) ова е најголемиот од окрузите на Источна Фризија.
Во состав на округот влегуваат и Јуист, Нордернај и Балтрум од групата на Источнофризиските Острови. Малиот остров Мемерт јужно од Јуист е нема население, туку е заштитен како живеалиште на ретки птици. Дел од округот отпаѓа на Националниот парк Долносаксонско Ваденско Море.
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Градови | Слободни општини | Заеднички општини | |
---|---|---|---|
1. Брокмерланд |
2. Хаге | ||
1 седиште на заедничката општина |
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Аурих (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски)
- Остров Нордернај (германски)
- Остров Јуист (германски)
- Остров Балтрум (германски)
|