Мемерт
Изглед
Мемерт во 2024 г. | |
| Географија | |
|---|---|
| Место | Северно Море |
| Координати | 53°38′17″N 6°53′03″E / 53.63806°N 6.88417°E |
| Архипелаг | Источнофризиски Острови |
| Површина | 5,17 км2 |
| Држава | |
| Демографија | |
| Население | 0 |
Мемерт (германски: Memmert) — мал источнофризиски остров и слободна област во округот Аурих, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Островот се наоѓа во близина на северниот брег на Германија, со површина од 5,17 км2.[1] Мемерт се наоѓа југозападно од Јист и источно од Боркум во Источна Фризија.
Островот е ненаселен и на него се наоѓа само една куќа за поддршка на дивиот свет.[2] Понекогаш, некои гости од соседните острови го посетуваат Мемерт. Службено, островот е прогласен за заштитено подрачје.
Име
[уреди | уреди извор]Значењето на името не е сигурно. На старите карти, островот е означен како „де Мем“ (de Meem). Можно е Мемерт да доаѓа од светецот Мамерт, по кој бил именуван еден брод, кој се насукал на островот.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Островот во 2010 година
- Плажа на островот
- Куќата за заштита на живиот свет
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „What玸 Memmert Island?“. armin-rose.de.
- ↑ „Ostfriesisches Wattenmeer (Waddensee National Park - Lower Saxony)“. birdforum.net.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|