Утхерн
Утхерн погледнат од јужниот брег на „Кенигсхафен“ | |
| Географија | |
|---|---|
| Место | Кенигсхафен, Ваденско Море, Германски Залив |
| Координати | 55°2′10″N 8°25′50″E / 55.03611°N 8.43056°E |
| Архипелаг | Севернофризиски Острови |
| Површина | 0,13 км2 |
| Должина | 780 м |
| Ширина | 240 м |
| Брегова линија | 1.800 м |
| Највисоко место | 4,1 м |
| Највисока точка | дина |
| Држава | |
| Покраина | |
| Округ | Северна Фризија |
| Демографија | |
| Население | 0 |
| Дополнителни податоци | |
| заштитена област | |
Утхерн (германски: Uthörn) — мал германски остров во близина на Зилт во округот Северна Фризија и со тоа најсеверен остров веднаш зад Зилт. Припаѓа на општината Лист.
Географија
[уреди | уреди извор]Островот се наоѓа во т.н. „Кенигсхафен“ (Кралско пристаниште), залив на источниот брег на Зилт, кој е свртен кон плитките плимни рамнини на Ваденското Море. Утхерн се наоѓа северно од Лист, неколку километри од полуостровот „Елбоген“ (Ellbogen) на Зилт, што всушност е најсеверен дел на Германија.
Утхерн е скоро 800 метри долг и до 240 метри широк, неговата област зафаќа околу 13 ха. Островот е релативно млад, откако се развил од песочен брег, кој поради насоката на ветерот од Зилт пораснал до височина од околу 4,10 метри над морето и не е повеќе потопуван во текот на високата плима. Се верува дека растот на Утхерн ќе продолжи и во иднина.
На островот главно се сретнува трева која расте на дините.
Заштита
[уреди | уреди извор]Утхерн се наоѓа само неколку метри оддалечен од брегот на Зилт и до него може да се стигне пешки преку плиткото море. Но, бидејќи обезбедува место за одмор и гнездење на ретки и загрозени морски птици и се наоѓа во рамките на Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море, до него може да се дојде само со специјална дозвола.
Наводи
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||