Мелум (Mellum) ― ненаселен остров кој се наоѓа југоисточно од Вангероге, во близина на крајбрежните населби Хорумерзил и Шилиг.
Мелум бил образуван како остров на крајот на полуостровотБутјадинген - кој го дели изливот во Ваденското Море на реките Јаде и Везер - само на крајот на деветнаесеттиот век.[1] Главно е составен од дини и плимни мочуришта. Влијанието на морските струи и ветрови постојано го менува обликот и положбата на островот, кој во 2006 година имал вкупна површина од приближно 750 хектари.