Блауорт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на Мелдорфскиот Залив со Блауорт во северниот дел; јужно од него се наоѓаат Тертиус и Тришен
Блауорт кон југозапад. На левата страна се наоѓа обележјето за каналот (Pricke).

Блауорт (германски: Blauort) — еден од ненаселените песочни острови во Северното Море, близу брегот на Дитмаршен (близу Бизум). Неговата должина од север на југ изнесува 1.200 метри и 500 метри од исток на запад. Опкружен е од песочниот брег Блауортзанд (Blauortsand), кој се граничи на север од протокот Веселбуренрер Лох и на југ од Пип.

Според Националниот парк Ваденско Море, Блауорт, како и песочниот брег Тертиус на југ, припаѓа на општината Хедвигенког. Меѓутоа, покраинската влада на Шлезвиг-Холштајн сè уште официјално не го потврдила и одобрила ова.

Островчето Блауорт се движи кон исток, исто како сите песочни острови на западниот брег на Шлезвиг-Холштајн. Од 1938 до 1962 година песокот се поместувал за 32 метри годишно[1] и денес е околу шест километри од брего. Највисоката точка на Блауорт се наоѓа над просечната висока плима (која е околу 1,83 метри[2]) и единствено е целосно поплавувана од пролетните плими или бурите. Не постои никаква вегетација на островот.

Блауорт е еден од неколкуте главно недопрени станишта на брегот и од големо значење за морските птици и фоките.[3] Од 1985 година е дел од првата заштитна зона на националниот парк.

Во летните месеци се прават пешачки тури низ блатата на Блауортзанд и се нуди тргнување од Бизум и Веселбурен.

Бизумскиот писател, Штефани Бах Штајн, една од нејзините книги за поезија ја нарекла „Блауорт“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (pdf), (S. 77) Petra Witez: GIS-gestützte Analysen und dynamische 3D-Visualisierungen der morphologischen Entwicklung schleswig-holsteinischer Tidebecken, Diss. Kiel 2002
  2. (pdf) Stephan Mai: Klimafolgenanalyse und Risiko für eine Küstenzone am Beispiel der Jade-Weser-Region, Diss., Hannover 2004
  3. holstein.de/servlet/is/5639/dithmar1.html (html) Organic Guide Schleswig-Holstein

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 54°10′00″N 8°43′15″E / 54.16667° СГШ; 8.72083° ИГД / 54.16667; 8.72083