Нојверк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нојверк

Нојверк
Нојверк се наоѓа во Германија
Нојверк
Нојверк (Германија)
Географија
Местоположба Северно Море, Устие на Елба
Површина 3 км2
Земја
Германија
Покраина Хамбург
Округ Хамбург-Мите
Демографија
Население 39 ((2007-12-31))
Густина 13 /км2

Нојверк (герм. Neuwerk) е остров во Ваденското Море на германскиот северен брег и истоимен кварт на градот Хамбург, Германија, во округот Хамбург-Мите. Се наоѓа северозападно од Куксхафен, помеѓу делтите на Везер и Елба, оддалеченоста од центарот на Хамбург е 120 километри. Зафаќа површина од 3 км² и има 39 жители.

Во текот на ниска плима на островото може да се стигне пешки или со коњ од Куксхафен, во други времиња со брод.

Помалите острови Шархерн и Нигехерн близу Нојверк се резервати за птици, затворени за јавноста. Сите три острови и Ваденското Море околу нив, го создаваат Национален парк Ваденско Море (Хамбург).

Историја[уреди]

Светилник во Нојверк од 1369.
Во оваа воздушна слика на Национален парк Ваденско Море (Хамбург), островот Нојверк е само малку над средината. Подолу, се наоѓаат Шархерн и Нигехерн.

Најстариот постоечки документ, во кој е спомнат Нојверк е фризиски договор од 1316, каде неговото старо име Nige O е користено.

Откако, реката Елба била витална за членот на Ханзата — Хамбург, во 1299 35-метри висока кула била изградена како светилник и заштита против пиратите. Светилникот постои и денес, бил изграден помеѓу 1367 и 1369 по пожарот, кој го уништил минатиот. Таа е најстарата постоечка зграда во Хамбург, како и дел од последното утврдување на Хамбург.

Поради Законот за поголем Хамбург, Нојверк станал дел од Прусија во 1937 и така по Втората светска војна бил даден на новата покраина Долна Саксонија. Во 1969, Хамбург г поништил постарите права на пристаништен имот во Куксхафен во корист на Нојверк и Шархерн.[1]

Во раниот 20-ти век, туризмот станал важен за Нојверк.

Демографија[уреди]

На 31 декември 2007, квартот Нојверк имал 39 жители, 26 жени и 13 мажи. 11 жители биле странци.[2]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Закон за договор со покраината Долна Саксонија... [1] (на германски)
  2. (на германски) „Статистички извештај A I 1 - j/07 H“, Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, 2008-09-11, http://www.statistik-nord.de/uploads/tx_standocuments/A_I_1_j07_H.pdf, конс. 31 октомври 2009 

Надворешни врски[уреди]