Ајлбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ајлбек
Кварт во Хамбург
Рекреациската зона Jacobipark
Рекреациската зона Jacobipark
Ајлбек во рамките на Германија
Ајлбек
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Вандсбек
Основни податоци
Површина 2 км2
Население 20.265  (1 јануари 2006)
 - Густина 10.133 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на квартот Ајлбек во Хамбург
Карта
Координати 53°34′4″N 10°2′44″E / 53.56778° СГШ; 10.04556° ИГД / 53.56778; 10.04556Координати: 53°34′4″N 10°2′44″E / 53.56778° СГШ; 10.04556° ИГД / 53.56778; 10.04556

Ајлбек е кварт на германскиот град Хамбург и дел од округот Вандсбек. Порано било независно мало село надвор од границите на Хамбург и всушност било подоцно припоено, кога градот се ширел.

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

Селото било именувано по мала река со истото име.

  • Ylenbeke потекнува од старогермански збор за брз поток. Eile означува брзо, а beck означува река или поток.
  • Други извори велат дека Ylen или Ilen како пијавици (германски „Egel“), бидејќи во северна Германија јазикот е долногермански.

Историја[уреди | уреди извор]

Хамбург 1800

Ајлбек првпат се појавил во 1247 како Ylenbeke.

Во текот на големиот пожар во Хамбург од 5 до 8 мај 1844, центарот на Хамбург бил уништет. Некои од луѓето од Хамбург-Алтштат се населиле во Ylenbeke.

Во Втората светска војна, Ајлбек бил скоро целосно уништен од тешките бомбардирања во јули 1943 (кодно име: Операција Гомора). Со реорганизацијата на Хамбург во 1949 Ајлбек станал дел од Вандсбек.

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2006 според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Ајлбек имал вкупна површина од 1,7 км2. На север и запад се квартовите Бармбек-Зид, Уленхорст и Хоенфелде на округот Хамбург-Норд. На исток се квартовите Вандсбек и Маринтал. На југ е квартот Хам-Норд од округот Хамбург-Мите.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, во квартот Ајлбек живееле 20.265 луѓе. Густината на населеност била 11.741 жител на км2. 9,8% биле деца под 18 години, а 21,4% имале 65 или повеќе години. 14,7% биле странци. 1.087 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999 постоеле 12.659 домаќинства и 58,7% од сите домаќинства биле сочинети од поединци.[2]

Постоеле 3 основни и 1 средно училиште во квартот Ајлбек и 38 доктори во приватни ординации и 5 аптеки.[3]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Сојузниот автопат 75 поминува низ квартот, поврзувајќи го градот Либек на север со Делменхорст во Долна Саксонија. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 6.560 приватни возила (328 возила на 1000 луѓе) во Ајлбек.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. 3,0 3,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]