Осдорф (Хамбург)
Осдорф | |
Кварт во Хамбург | |
Скулптура на влезот на ботаничката градина | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Алтона |
Основни податоци | |
Површина | 7 км2 |
Население | 25.206 (31 декември 2006) |
- Густина | 3.601 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Осдорф во градот Хамбург | |
Координати | 53°34′20″N 9°50′35″E / 53.57222° СГШ; 9.84306° ИГД |
Осдорфо (германски: Osdorf) е кварт во градот Хамбург, Германија. Припаѓа на округот Алтона.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1927 поранешната независна населба Осдорф станала дел од градот Алтона; во 1938 била припоена кон Ханзеатскиот град Хамбург преку законот за голем Хамбург.
Географија
[уреди | уреди извор]Во 2006 според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Осдорф имал вкупна површина од 7,3 км2. Јужната граница на Осдорф е со квартот Нинштетен долж железничката линија на градските возови. На запад е градот Шенефелд во Шлезвиг-Холштајн и квартот Изерброк. На исток се квартовите Луруп, Баренфелд и Грос Флотбек.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 2006, во Осдорф живееле 25.206 жители. Густината на населеност била 3.459 жители на км2. 18% биле деца под 18 години, а 23,7% имале 65 или повеќе години. 13,4% биле странци. 1.408 лица биле регистрирани како невработени.[1]
Во 1999 постоеле 12.148 домаќинства од кои 23,3% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 39,2% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,12.[2]
Население по години
[уреди | уреди извор]Население е избројувана од страна на Бирото за пријавување граѓани секој 31 декември секоја година.[1]
1987 | 1988 | 1989 |
23.347 | 25.918 | 25.974 |
1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
26.410 | 26.858 | 26.739 | 26.993 | 26.625 | 26.332 | 26.084 | 25.599 | 25.601 | 25.487 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 |
25.477 | 25.675 | 25.909 | 25.993 | 25.417 | 25.297 | 25.106 | 25.204 | 25.070 |
Во 2006 се случиле 2.402 кривични дела (96 дела на 1.000 жители).[3]
Образование
[уреди | уреди извор]Постојат 4 основни и 4 средни училиште во квартот Осдорф.[4]
Дел од Führungsakademie der Bundeswehr се наоѓа во бараките на Generalleutnant–Граф-фон-Баудисин–Kaserne. Академија на Бундесверот ги обучува офицерите за водечките позиции.
Култура
[уреди | уреди извор]Рекреација
[уреди | уреди извор]Рекреативната област Bornpark се наоѓа на границата со Шлезвиг-Холштајн. Neuer Botanischer Garten се наоѓа во областа на поранешната независна општина Клајн Флотбек.
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Здравствен систем
[уреди | уреди извор]Во Осдорф постојат 17 градинки за деца, 48 лекари во приватни ординации и 6 аптеки.[4]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Осдорф е опслужуван од железничкиот систем преку линиите С1 и С11 на градските возови преку станиците Хохкамп и Клајн Флотбек.
Според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Осдорф биле регистрирани 9.445 приватни возила (474 возила/1000 луѓе).[4] Вкупно се случиле 123 сообраќајни несреќи, вклучувајќи 106 со жртви.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Статистика за сообраќајни несреќи, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Osdorf, Hamburg“ на Ризницата ? |
- Академија на војската (германски) Führungsakademie der Bundeswehr
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
|
|
|