Закон за голем Хамбург

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Историја на Хамбург

Закон за голем Хамбург (германски: Groß-Hamburg-Gesetz) — закон донесен од владата на Нацистичка Германија на 26 јануари 1937 година, кој предвидувал размена на територии помеѓу Хамбург и Слободната Држава Прусија. Стапил во сила на 1 април 1937 година.1 Неговиот полн назив на германски бил „Закон за голем Хамбург и други територијални промени“ (Gesetz über Groß-Hamburg und andere Gebietsbereinigungen).

Поголем Хамбург[уреди | уреди извор]

Хамбург ги изгубил поголемиот дел од неговите енклави, меѓу нив Гестхахт и Куксхафен. За возврат, Хамбург бил проширен со поранешните пруски градови, како што се Алтона, Вандсбек и Харбург-Вилхелмсбург, како и голем број на села. Ова претставува формално спојување на она што претходно се однесувало на „Регион Четири града“.

Симоболично, но важна промена било „преименувањето“ на Хамбург. Требало да се вика Ханзеатски град Хамбург („Hansestadt Hamburg“) наместо Слободен и ханзеатски град Хамбург („Freie und Hansestadt Hamburg“). Повикувањето на слободен во постарото име потекнува од Светото Римско Царство, кое вклучувало голем број на повеќе или помалку независни слободни царски градови, меѓу нив и Хамбург.

Прусија[уреди | уреди извор]

Покрај прописите за Хамбург, законот пропишал Слободниот Град Либек да се спои со Прусија. Некои помали села биле приклучени кон државата Мекленбург. Либек бил независен член на федерацијата на држави на Рајхот во периодот на 1933-1934. Адолф Хитлер дал отпор за Либек, откако градскиот совет му ја забранил кампањата таму во 1932 година[1], иако исто така требало да биде надоместена Прусија за загубите на градовите кои потпоаднале под власт на Хамбург. Покрај Либек, кој бил припоен кон пруската покраина Шлезвиг-Холштајн, Хамбург се откажал од своите имоти Гестхахт, кој бил припоен кон Шлезвиг-Холштајн и Рицебител (кој се приклучил кон Куксхафен), кој пак бил споен со покраината Хановер. Од поседите кои Прусија му ги отстапила на Хамбург, Алтона и Вандсбек припаѓале на Шлезвиг-Холштајн, додека Харбург-Вилхелмсбург бил дел од Хановер.

Бидејќи цела Нацистичка Германија била поделена на гау, водачите на Гау на регионите на соседните Либек, Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург почнале да се борат за контрола на градот. Неговите припојување со Прусија претставува победа на водачот на Шлезвиг-Холштајн.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Dr. William Boehart: Das Groß-Hamburg-Gesetz - Ein Rückblick 70 Jahre danach. In Lichtwark-Heft Nr. 71, November 2006. Verlag HB-Werbung, Bergedorf. ISSN 1862-3549

.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Либек: Градот кој му кажа НЕ на Либек“ Архивирано на 16 мај 2015 г., Сајмон Хефер, www.telegraph.co.uk, 28 јуни 2010.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Со исклучок на членот 2 (обединување на Хамбург во една општина (Gemeinde)), кој според членот 15 требало да влезе во сила различно од датумот одреден од министерот за внатрешни работи, но не подоцна од 1 април 1938 година и со исклучок на членот 10, кој стапил во сила веднаш.
  2. Германска страница за историјата на Либек

Надворешни врски[уреди | уреди извор]