Алермее

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алермее

Allermöhe

Кварт во Хамбург
Алермее се наоѓа во Германија
Алермее
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Бергедорф
Основни податоци
Површина 12 км2
Население 15.143  (31 декември 2006)
 - Густина 1.262 жит/км2
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Местоположбата на Алермее во Хамбург, Германија
Карта
Координати 53°29′00″ СГШ 10°09′00″ ИГД / 

Алермее е кварт во округот Бергедорф на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Квартот се состои од рурална област и старата населба Алермее, како и новото соседство Ној-Алермее Запад, кој е развојна зона на неколку агенции на Хамбург и округот Бергедорф.

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1410, покраината Хамбург го населила Landherrenschaft Bill- und Ochsenwerder. Населбата Алермее припаѓала на ова рурално село.

Во 1997 започнало планирање за потполно ново соседство. Од 1982 до 1994 биле изградени повеќе од 3.800 станоци, создавајќи го соседството Ној-Алермее Запад (Neu-Allermöhe West).

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холшајн, квартот Алермее имал вкупна површина од 11,9 км².

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006 во квартот Алермее живееле 15.143 луѓе. Густината на населеност била 1.275 км². 27,9% биле деца под 18 години, а 6,7% имале 65 или повеќе години. 14,8% биле странци. 932 лица биле регистрирани како невработени.[1]

Во 1999 имало 4.243 домаќинства од кои 41,7% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 17,3% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,79.[2]

Население по години[1]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996 1997 1998 1999
3.136 3.124 3.104 3.138 3.129 3.331 3.264 3.189 3.651 5.659 8.812 10.801 11.588
2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
12.536 13.424 13.883 14.264 14.877 14.943 15.143

Во 2006 се случилче 1.417 кривични дела (94 дела на 1.000 жители).[3]

Постојат 3 основни и 4 средни училишта во квартот Алермее, како и 6 доктори во приватни ординации и 1 аптека.[4]

Ној-Алермее Запад[уреди | уреди извор]

Во 2005, во соседството живееле 12.360 жители на површина од 3,4 км². Густината на населеност била 3.593 жители на км². 31,3% биле деца под 18 години, а 3,8% имале 65 или повеќе години. 16,2% имале странско потекло.[5]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Пероните на станицата Алермее во февруари 2009.

Јавниот превоз е обезбеден со автобуси и железничкиот систем на С-Железницата преку станицата Алермее.

Излезите Хамбург-Алермее и Хамбург-Нојалермее Запад на автопатот А25 се наоѓаат во Алермее, поврзувајќи југозападен Хамбург со Гестахт. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 5.308 приватни возила (355 автомобили/1000 луѓе).[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Биро за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. Покраинско биро за истрага (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Биро за регистрирање жители, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2005) (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]