Фулсбител

Координати: 53°38′6″N 10°0′58″E / 53.63500° СГШ; 10.01611° ИГД / 53.63500; 10.01611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фулсбител
Кварт во Хамбург
Терминал 2 на аеродромот Хамбург
Терминал 2 на аеродромот Хамбург
Терминал 2 на аеродромот Хамбург
Фулсбител во рамките на Германија
Фулсбител
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Норд
Основни податоци
Површина 7 км2
Население 11.890  (1 јануари 2006)
 - Густина 1.699 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположбата на Фулсбител во градот Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°38′6″N 10°0′58″E / 53.63500° СГШ; 10.01611° ИГД / 53.63500; 10.01611

Фулсбител е урбан кварт во северниот дел на Хамбург, Германија во округот Хамбург-Норд. Познат е како место на меѓународниот аеродром Хамбург и место на затворот, кој служел како концентрационен логор во нацистичкиот систем на репресија.

Историја[уреди | уреди извор]

Влез на споменикот за кампот Фулсбител

Во 1871, со декларација на германското царство, селото Фулсбител било дадено на покраината Хамбург.

Концентрационен логор Фулсбител[уреди | уреди извор]

На 4 март 1933, делови од затворот Фулсбител, првично изграден како регуларен затвор во 1879, станале подкамп на концентрациониот логор Нојенгаме[1] три месеци по станување на Хитлер како канцелар на Германија (20 јануари 1933). Најпрвин, бил под команда на СА. Повеќето од затвореници биле комунисти, социјалдемократи и други политички соперници на нацизмот, Евреи, Јеховини сведоци, Роми, хомосексуалци и други од кои режимот гледал закана. Во 1936, Гестапо започнал да го води кампот, тогаш наречен Polizeigefängnis Fuhlsbüttel (полициски затвор). Над 700 луѓе биле интернирани во кампот за време на кристалната ноќ во 1938. Концентрациониот логор Фулсбител бил именуван и како акронимот KolaFu (скратено од Kozentrationslager Fuhlsbüttel) и станал синоним за репресија и смрт преку тешка работа. Фулсбител често бил почетната точка за затворање на затворениците, кои биле праќани во други кампови, како што се Бухенвалд, Естервеген, Нојенгаме, Равенсбрик или Заксенхаузен. Кампот бил ослободен на 3 мај 1945, во кој дотогаш веќе биле убиени над 250 луѓе.

Денес, постои споменик за кампот во близина.

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Фулсбител имал вкупна површина од 6,6 км2.

Клима[уреди | уреди извор]

Климатска табела за Фулсбител, Хамбург, за периодот 1961 - 1990

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, 11.890 живееле во квартот Фулсбител. Густината на население била 1.806 на км2. 14,6% биле деца под 18 години, а 20,5% имале 65 години или повеќе. 9,7% биле имигранти. 508 луѓе биле регистрирани како невработени.[2] Во 1999, имало 6.768 домаќинства и 49,7% од сите домаќинства биле сочинети од еден член.[3]

Според секторот за патнички возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.004 приватни возила во квартот Фулсбител (425 возила/1000 луѓе).[4]

Има 2 основни училишта и 1 средно училиште во квартот Фулсбител и 26 лекари во приватни ординации и 5 аптеки.[4]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Фулсбител е опслужуван од метрото од линијата У1, со две станици, Фулсбител и Фулсбител Норд (порано наречена Флугхафенштрасе).

Од декември 2008, Фулсбител е опслужуван исто така и од градските возови со линијата С1, преку аеродромската железничка станица.[5]

Познати згради[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [„Службен германски список (германски)[[Категорија:Статии со надворешни врски на германски]]“. Архивирано од изворникот на 2006-07-16. Посетено на 2011-11-20. URL–wikilink conflict (help) Службен германски список (германски)]
  2. Биро за регистрација на граѓаните Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. 4,0 4,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Биро (2008-12-14), Надземна железница/ Регионални возови (План на мрежата, pdf) (PDF), Hamburger Verkehrsverbund, Посетено на 2009-03-03

Надворешни врски[уреди | уреди извор]