Демографија на Хамбург

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Население во минатото
ГодинаНас.
950 500
1200 1.500
1430 16.000
1600 40.000
1800 130.000
1840 136.956
1871 240.251
1900 705.738
1910 931.035
1925 1.079.126
1939 1.711.877
1946 1.403.300
1956 1.751.289
1961 1.832.346
1970 1.793.640
1975 1.717.383
1980 1.645.095
1985 1.579.884
1990 1.652.363
1995 1.707.901
2000 1.715.392
2005 1.743.627
Note:
Години 950–1800, Извор: проценки[1]
Години 1840–1961, Извор: Попис [1]
Години 1970–2006, Извор:[2]

Германскиот град Хамбург е најнаселениот град во Европската Унија, кој не е главен град. Градот има околу 1,8 милиони луѓе.

Бројките од 1970 се објавувани од Статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, базирана на информациите на неколку покраински власти.[2]

Население[уреди | уреди извор]

На 31 декември 2006, биле регистрирани 1.754.182 лица, кои живееле во Хамбург (зголемување од 1.652.363 во 1990). Густината на население била 2.322 жители на км².[2]

Имало 856.132 мажи и 898.050 жени во Хамбург. На секои 1.000 мажи имало 1.049 жени. Во 1006, имало 16.089 родени во Хамбург, од кои 33,1% биле од немажени жени, 6.921 брак и 4.583 разводи. Во 2006, 198 граѓански партнерства се извеле во службата за пријавување на граѓаните (Standesamt). 40 партнерства биле раскинати по судска одлука од 2001.[3] Во градот, населението под 18 години изнесува 15,7%, додека 18,8% имаат 65 или повеќе години.[2] 257.060 странци живеат во Хамбург (14,8% од населението). Најголемата група се оние само со турско државјанство со 58,154 (22,6% од странците), следени од 20.743 со само полско државјанство. 4.046 луше биле од Велика Британија и 4.369 биле од САД.[2] Според GTZ, 22.000 имигранти живеат во Хамбург, а кои се од Авганистан, така формирајќи ја најголемата авганистанска заедница во Германија и Европа.[4]

Демографија (германски график)

По намалувањето на населението во 1970-тите, Хамбург има постојан раст од 1999. Иако бројките на морталитет се повисоки од оние на наталитетот.

Домаќинства[уреди | уреди извор]

Демографија на Хамбург
Хамбург Германијаa[›] Европаb[›]
Вкупно население 1.754.182 82.210.894 731.000,000
Густина на населеност 6,010/sq mi (2,320/km2) 596/sq mi (230/km2) 181/sq mi (70/km2)

Во 1999, имало 910.304 домаќинства, од кои 18,9% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 47,9% од сите домаќинства биле сочинети од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 1,9.[5]

Квартови и окрузи[уреди | уреди извор]

Во 2008, Вандсбек бил најнаселен округ во Хамбург. До февруари 2008, округот Харбург бил втор, но со промена на границите во Хамбург,[6] квартот Вилхелмсбург се припоил кон Хамбург-Мите, со што Хамбург-Мите станал втор најнаселен округ.

Сексуална ориентација[уреди | уреди извор]

Хамбуршкиот институт за сексуално истражување спровел истражување за сексуалното однесување на младите луѓе во 1970 и го повторил во 1990. Така, во 1970, 18% од момците помеѓу 16 и 17 имале најмалку едно истополови искуство, додека бројката паднала на 2% во 1990.[7] „Откако хомосексуалноста стана јавно дебатирана, момците се плашат да бидат видени како геј“ кажува директорот на институтот Фолкмар Зигуш, цитиран во весник за германско медицинско списание во 1998.[8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

^ a: Вкупните бројки за површината и населението се земени од Википедија.
^ b: Вкупните бројки за површина и население ги вклучуваат само европските делови на трансконтиненталните држави. Прецизноста на овие бројки е компромитирана од амбициозното географско проширување на Европа и недостигот на наводи за европските делови на трансконтиненталните држави.
^ c: Вкупните бројки ги вклучуваат островот Нојверк и луѓето кои живеат на бродови.
^ d: Само живородените без подоцна корекција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 "Wikipedia" ("2008"), Einwohnerentwicklung von Hamburg, Wikipedia, конс. 2008-08-20  Check date values in: |date= (помош) (германски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн: Statistisches Jahrbuch 2007/2008, 2007, Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, Hamburg ISSN 1614-8045
  3. Сенат на Хамбург| (2007-02-07), <nowiki />Schriftliche Kleine Anfrage und Antwort des Senats 18/5735<nowiki />, Хамбург, Германија: Hamburgische Bürgerschaft, конс. 2008-08-21  (германски)
  4. GTZ - Миграција и развој: Авганистанци во Германија
  5. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн: Regionalergebnisse Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein (германски) (Извор: Служба за пријавување на граѓаните) Retrieved on 16 јуни 2008
  6. Gesetz über die räumliche Gliederung der Freien und Hansestadt Hamburg (RäumGiG) "Закон за територијална организација на Хамбург", HmbGVBl. 2006 (Сенат на Хамбург), 2006-07-06: 397  (германски)
  7. Шмит, Гинтер (2001-03-17), Gibt es Heterosexualität? (Дали хеторосекуалноста постои?) (reprint), Die tageszeitung, Lesbische und Schwule Basiskirche Basel, конс. 2008-10-01  (германски)
  8. Sigusch, Prof. Dr. med. Volkmar (1998-05-15), "Jugendsexualität - Veränderungen in den letzten Jahrzehnten" (reprint), Deutsches Ärzteblatt 95 (Deutscher Ärzte-Verlag) 20: A–1240, конс. 2008-10-01, Seitdem die Homosexualität als eine eigene Sexualform öffentlich verhandelt wird, kommt die Befürchtung der Jungen hinzu, womöglich als "Schwuler" angesehen zu werden.  (германски)