Ова е список на замоци и дворци во германската покраина Хамбург. Овој список ги вклучува замоците опишани на германски како Burg (утврдување), Schloss (замок или дворец) и Herrenhaus (палата); постоечки, руинирани или целосно исчезнати.
Првите замови изградени во Хамбург од 9-от до 11-от век биле наменети како утврдувања, на пр. Хамабург, Бишофстурм, Домбург, Алстербург и Ноје Бург. Сите овие замоци се наоѓале во квартот Алтштат (стар град). Само, остатоците на Bischofsturm (бискупска кула) биле пронајдена под црквата Свети Петар.[1][2] Дури и подоцнежните градби често биле утврдувања, но од 18-от век богатите граѓани ги граделе нивните палати или куќи како државни имоти на поранешните имоти, како сенаторот Мартин Јохан Јениш во тогаш независниот Отмаршен.[3]