Вандсбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вандсбек
Округ во Хамбург
Stormarnhaus во Вандсбек Локално канцеларија на округот
Stormarnhaus во Вандсбек
Локално канцеларија на округот
Stormarnhaus во Вандсбек
Локално канцеларија на округот
Грб на Вандсбек
Вандсбек во рамките на Германија
Вандсбек
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Округ единици 18 квартови
Основни податоци
Површина 148 км2
Население 409.771  (1 јануари 2006)
 - Густина 2.769 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Окрузи во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°35′N 10°5′E / 53.583° СГШ; 10.083° ИГД / 53.583; 10.083Координати: 53°35′N 10°5′E / 53.583° СГШ; 10.083° ИГД / 53.583; 10.083

Вандсбек е втор најголем од сите седум окрузи, кои го сочинуваат градот Хамбург, Германија. Името на округот доаѓа од реката Вандзе, која поминува тука. Квартот Вандсбек, кој е поранешен слободен град, е урбан и заедно со квартовите Ајлбек и Маринтал е дел од градското економско и културно јадро.

Историја[уреди | уреди извор]

Во текот на Втората светска војна од 2 мај 1944 до 3 мај 1945 се наоѓал подкамп на нацистичкиот концентрационен логор Нојенгаме во Вандсбек, запишан како бр. 565 Хамбург-Вандсбек во службениот германски список.[1]

На 1 јануари 2007, Ortsämter (месни заедници) биле распуштени и организацијата на сите окрузи во Хамбург била реорганизирана. Во округот Вандсбек, во поранешната месна заедница припаѓале квартовите Ајлбек, Јенфелд, Маринтал, Тондорф, Вандсбек и Ралштет. Квартовите Хумелсбител, Попенбител, Зезел и Велингсбител припаѓале на Алстертал. Месната заедница Брамфелд се состоела од Брамфелд и Штајлсхоп. Во Ралштет бил квартот Ралштет. И месната заедница Валдерфер биле Бергштет, Дуфенштет, Фармзен-Берне, Лемзал-Мелингштет, Фолксдорф и Волдорф-Олштет.[2]

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, округот Вандсбек имал вкупна површина од 147,5 км2. На север и на исток се граничи со покраината Шлезвиг-Холштајн, на југ е округот Хамбург-Мите и на запад главно е Хамбург-Норд. Само три квартови од квартовите: Ајлбек, Вандсбек и Маринтал во срцето на округот се урбани. Најсеверните делови на Волдорф-Олштет, Фолксдорф, Дуфенштет се сè уште прилично рурални, каде што може да се најдат понови објекти и фарми.

Административни единици[уреди | уреди извор]

Како сите окрузи во Хамбург, Вандсбек е поделен на неколку квартови. Тие се:

Бергштет
Брамфелд
Дуфенштет
Ајлбек
Фармзен-Берне
Хумелсбител
Јенфелд
Лемзал-Мелингштет
Маринтал

Попенбител
Ралштет
Зазел
Штајлсхоп
Тондорф
Фолксдорф
Вандсбек
Велингсбител
Волдорф-Олштет

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, во округот Вандсбек живееле 409.771 жител. Густината на населеност била 2.777 жители на км2. 16,5% биле деца под 18 години и 22% имале 65 или повеќе години. 10,1% биле странци. 18.452 лица биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 200.560 домаќинства од кои 21,2% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 41,6% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,02.[4]

Во 2006 се случиле 37.957 кривични дела во округот (93 дела на 1.000 жители).[5]

Политика[уреди | уреди извор]

Вандсбек е еден од окрузите на Хамбург.

Окружно собрание[уреди | уреди извор]

Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Hamburgische Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 57 претставници.

Избори[уреди | уреди извор]

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Петте партии, кои имале повеќе од 5 проценти во неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната CDU, социјалдемократската SPD, еколошката Зелена партија (GAL), левата Die Linke и либералната FDP. Излезноста на гласачите била 63,6%.[6]

Партија Процент Места
CDU 43,5 25
SPD 30,8 18
GAL 11,5 7
Die Linke 6,0 3
FDP 6,2 4

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Постојат 61 основно училишта и 46 средни училишта во округот Вандсбек и 695 доктори во приватни ординации и 91 аптека.[7]

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Вандсбек биле регистрирани 171.334 приватни возила (421 возило на 1000 луѓе).[7]

Точки на интерес[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службен германски список на концентрациони логори Архивирано на 16 јули 2006 г. Verzeichnis der Konzentrationslager und ihrer Außenkommandos gemäß § 42 Abs. 2 BEG (германски)
  2. Verwaltungsreform (административна реформа)
  3. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  5. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Конечни избори резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
  7. 7,0 7,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]