Алтенгаме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алтенгаме
Кварт во Хамбург
Некои куќи на стар посед кај Алтенгаме
Некои куќи на стар посед кај Алтенгаме
Алтенгаме is located in Германија
Алтенгаме
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Бергедорф
Основни податоци
Површина 16 км2
Население 2.192  (31 декември 2009)
 - Густина 137 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Алтенгаме во градот Хамбург
Карта
Координати 53°25′29″N 10°15′45″E / 53.42472° СГШ; 10.26250° ИГД / 53.42472; 10.26250Координати: 53°25′29″N 10°15′45″E / 53.42472° СГШ; 10.26250° ИГД / 53.42472; 10.26250
Алтенгаме околу 1790 (Историска карта на Густаф Адолф фон Варендорф)

Алтенгаме се наоѓа во округот Бергедорф на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Квартот е претежно рурален и се наоѓа на десниот брег на реката Елба. Алтенгаме е најисточниот дел на Хамбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Квартот има вкупна површина од 15,6 км². Квартот се состои од населбите Алтенгаме и Боргхорст и околните земјоделски фарми. Западната граница е со квартовите Курслак и Нојенгаме, со реката Дофе Елба како нејзина граница. На исток и север е покраината Шлезвиг-Холштајн со округот Лауенбург. На југ со реката Елба е границата со Долна Саксонија со округот Харбург.

Демографија[уреди | уреди извор]

Густината на населеност била 141 жител на км²}. 19,3% биле деца под 18 години, а 19,7% имале 65 или повеќе години. 1,9% биле странци. 43 лица биле регистрирани како невработени.[1]

Црква Свети Никола

Во 1999, постоеле 854 домаќинства, од кои 30% имале деца под 18 години, кои живееле со нив и 21,3% од сите домаќинства биле составени од поединци. Просечната големина на домаќинството била 2,5.[2]

Во 2006, имало 52 кривични дела (24 дела на 1000 луѓе).[3]

Население по години[уреди | уреди извор]

Население се брои од службата за пријавување граѓани на 31 декември секоја година.[1]

1987 1988 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995 1996
1.997 1.984 1.969 1.994 2.012 2.034 2.040 2.049 2.055 2.070
1997 1998 1999 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006
2.083 2.096 2.097 2.107 2.123 2.132 2.140 2.135 2.198 2.198
2007 2008 2009 2010 2011
2.220 2.194 2.192 2.171 2.204

Образование[уреди | уреди извор]

Имало 1 основно и ниту едно средно училиште во квартот Алтенгаме.[4]

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Здравствен систем[уреди | уреди извор]

Во Алтенгаме има 1 градинка за деца и исто така 3 лекари во приватни ординации и нема ниту една аптека.[4]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Алтенгаме не е опслужуван со железничкиот систем на градските возови или подземната железница. Јавниот превоз е обезбедуван со автобуси.

Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 1.185 приватни возила (539 возила/1000 луѓе).[4] Имало вкупно 5 сообраќајни несреќи, сите 5 со жртви.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  2. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  3. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Додатна литература[уреди | уреди извор]

  • Hans-Karl Lange: Altengamme im Wechsel und Wandel von acht Jahrhunderten. In: Lichtwark. 51. Publisher: Lichtwark-Auschuß, Bergedorf, 1987. See now: Publisher: HB-Werbung, Hamburg-Bergedorf. ISSN 1862-3549
  • HARRI (Pseudonym for Harald Richert): Die älteren Kirchenglocken des ehemaligen Amtes Bergedorf . In: Lichtwark-Heft| 69. Publisher: HB-Werbung, Hamburg-Bergedorf. ISSN 1862-3549


Надворешни врски[уреди | уреди извор]