Велингсбител

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Велингсбител
Кварт во Хамбург
Поранешно училиште (1888-1974) во Велинсбител, денес здравствен центар и детска градинка.
Поранешно училиште (1888-1974) во Велинсбител, денес здравствен центар и детска градинка.
Велингсбител is located in Германија
Велингсбител
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Вандсбек
Основни податоци
Население 9.874  (31 декември 2006)
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Велингсбител во градот Хамбург
Карта
Координати 53°38′0″N 10°5′0″E / 53.63333° СГШ; 10.08333° ИГД / 53.63333; 10.08333Координати: 53°38′0″N 10°5′0″E / 53.63333° СГШ; 10.08333° ИГД / 53.63333; 10.08333

Велингсбител е кварт во округот Вандсбек во градот Хамбург во северна Германија, порано бил независна населба.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите доказа за Велингсбител се од 1296.[1] Велингсбител станал дел од Хамбург во 1937/38 со Законот за голем Хамбург.

Географија[уреди | уреди извор]

Во 2007, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 4,1 км². Се наоѓа во долината на реката Алстер (Alstertal) во северен Хамбург. На север се квартовите Попенбител и Зазел (североисток), на исток е Брамфелд, а на југ е квартот Олсдорф на округот Хамбург-Норд.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2007, квартот Велингсбител имал население од 9.874 луѓе. Густината на населеност била 2.419 луѓе на км². 15,7% биле деца под 18 години, а 27,5% имале 65 години или повеќе. 6,3% биле имигранти. 130 луѓе биле регистрирани како невработени.[2]

Во 1999, постоеле 4.724 домаќинства, од кои 17,9% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 38,7% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 2,06.[3]

Во 2007, имало 577 кривични дела (59 дела на 1000 луѓе).[4]

Образование[уреди | уреди извор]

Постоеле 2 основни училишта во 2007.[5]

Култура[уреди | уреди извор]

Дворец, во дел од него, сега е сместен музејот Алстертал

Музеи[уреди | уреди извор]

Приватниот Alstertal Museum се наоѓа во дворецот Велингсбител Манор од 1957.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Здравствен систем[уреди | уреди извор]

Во 2007, Велингсбител имал 5 дневни центри за деца и исто така 21 лекар во приватни ординации и 2 аптеки.[5]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Јавниот превоз е во Велингсбител е обезбеден со железничкиот систем на градските возови преку железничката станица Велингсбител и неколку автобуски линии. Ова е обезбедено преку Hamburger Verkehrsverbund.

Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот биле регистрирани 4.788 приватни возила (486 возила/1000 луѓе) во 2007.[5] Се случиле 47 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 36 со жртви.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rackowitz, Dorothee; von Baudissin, Caspar (1993) (на германски). 700 Jahre Wellingsbüttel 1296–1996. Hamburg. стр. 22. 
  2. Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  3. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  4. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  5. 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
  6. Статистика за сообрајот, Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]