Рисен
Рисен | |
Кварт во Хамбург | |
Шопинг-улицата Wedeler Landstraße во Рисен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Алтона (Хамбург) |
Основни податоци | |
Површина | 17 км2 |
Население | 14.440 (31 декември 2006) |
- Густина | 849 жит/км2 |
Основано | 1255 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Квартот Рисен во Хамбург | |
Координати | 53°33′0″N 9°50′0″E / 53.55000° СГШ; 9.83333° ИГД |
Рисен е кварт во најзападниот дел на Хамбург, Германија. Рисен припаѓа на округот Алтона.
Историја
[уреди | уреди извор]Рисен бил првпат спомнат во 1255, под името „Risne“. Со векови, Рисен бил дел од Холштајн-Пинеберг и така дел од денешната зона на Шлезвиг-Холштајн. Во 1789, локалната влада купила дел од Рисел, кој е наречен „Klövensteen“ и бил големо шумско подрачје. До денес, оваа шума е сè уште наречена „Staatsforst Klövensteen“ - Staatsforst означува шумско подрачје на покраината. Уште во 19-от век, локалниот добро познат бродосопственик Годефрој купил голем дел од површината и сакал тоа да стана негово лично ловиште.
Во 1927, Рисен станал дел од градот Алтона, кој бил суверен до 1938. Во таа година, Алтона станала дел од градот Хамбург. Како последица на тоа, Рисен станал кварт на Хамбург.
Географија
[уреди | уреди извор]Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Рисен имал вкупна површина од 16,6 км2. Се граничел со покраината Шлезвиг-Холштајн на север и запад и со квартовите Зилдорф и Бланкенезе на исток. На југ, реката Елба создава природна граница. Јужно од реката, зоната припаѓа на покраината Долна Саксонија. Рисен се наоѓа на десниот брег на реката.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 2007, во квартот Рисен живееле 14.440 луѓе. Густината на населеност била 864 луѓе на км2. 16,6% биле деца под 18 години, а 29,2% имале 65 или повеќе години. 6% биле странци. 220 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999 имало 7.185 домаќинства од кои 18,8% имале деца под 18 години кои живееле со нив и 42,1% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 2,05.[2]
Население по години[3]
2006 | 2007 |
14.493 | 14.440 |
Образование
[уреди | уреди извор]Имало 2 основни и 2 средни училишта во квартот Рисен.[4]
Инфраструктура
[уреди | уреди извор]Почесниот конзулат на Хаити бил основан во Хамбург 1951 и се наоѓа на улицата Tinsdaler Kirchenweg 275 a.[5]
Здравствен систем
[уреди | уреди извор]Asklepios Westklinikum Hamburg е општа болница со 452 кревети која се наоѓа во улицата Suurheid 20. Болницата порано била болница на Германскиот црвен крст. Болницата има 9 оддели, вклучувајќи ги меѓу другите интерна медицина, хирургија, урологија, анестезиологија и интензивна нега и оддел за итни случаи. Болницата има, исто така и 78 дневни места за психијатриски случаи.[6]
23 лекари во приватни ординации, 5 аптеки и 8 градинки за деца биле регистрирани во 2006.[4]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Рисен е опслужуван од железничкиот систем на градските возови (линија S1) помеѓу Ведел и Попенбител и која од 2008 оди до аеродромот. Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Рисен биле регистрирани 6.689 приватни возила (465 возила/1000 луѓе).[4]
Рекреација
[уреди | уреди извор]Рисен е дом на хамбуршкиот голф клуб Falkenstein. HGC е приватен клуб, кој е основан во 1906 и се наоѓа: In de Bargen 59. Моменталниот клуб бил изграден во 1930-1931.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Служба за пријавување невработени, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Regionalergebnisse, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2007), 2007-12-31
|access-date=
бара|url=
(help) (германски) - ↑ 4,0 4,1 4,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Список на конзуларни претставништва, трговски мисии, културни и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на Хамбург, Канцеларство на Сенатот (април 2008)
- ↑ Болници во Хамбург, страница 12
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Rissen“ на Ризницата ? |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
- Болници во Хамбург 2006, Покраинска агенција за социјални работи, семејни работи, здравство и животна средина во Хамбург Службена страница[мртва врска] (германски)
|
|
|