Хамбург-Норд

Координати: 53°37′0″N 10°00′0″E / 53.61667° СГШ; 10.00000° ИГД / 53.61667; 10.00000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хамбург-Норд
Округ во Хамбург
Хамбург-Норд во рамките на Германија
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Округ единици 12 квартови
Основни податоци
Површина 58 км2
Население 280.229  (31 декември 2006)
 - Густина 4.832 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Окрузи на Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°37′0″N 10°00′0″E / 53.61667° СГШ; 10.00000° ИГД / 53.61667; 10.00000

Хамбург-Норд (приближен превод: Хамбург-Север) е еден од седумте окрузи на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, во северозападна Германија. Во 2006, според бирото за регистрација на граѓаните имало 280.229 луѓе на површина од 57,5 км2.

Географија[уреди | уреди извор]

Хамбург-Норд е јужно од покраината Шлезвиг-Холштајн, источно од округот Вандсбек, северно од округот Хамбург-Мите и западно од округот Алтона. Хамбург-Норд се состои од квартовите Алстердорф, Бармбек-Норд, Бармбек-Зид, Дулсберг, Епендорф, Фулсбител, Грос Борстел, Хоелуфт-Ост, Хоенфелде, Лангенхорн, Олсдорф, Уленхорст и Винтерхуде. Округот има површина од 57,5 км2.[1]

Демографија[уреди | уреди извор]

Имало 280.229 луѓе, кои живеат во округот.[2] Густината на население била 4.838 граѓани на км2. 12% биле деца под 18 години, а 17,8% имале 65 години или повеќе.[3]

Во 2006, имало 31.617 кривични дела во округот (113 дела на 1000 луѓе).[4]

Окружен парламент[уреди | уреди извор]

Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник.

Избори[уреди | уреди извор]

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Пет партии имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната ЦДУ, социјалдемократската СПД, еколошката зелена партија (ГАЛ), левата Ди Линке и либералната Слободна демократска партија (ФДП).[5]

Германски график за местата на окружниот парламент во Хамбург-Норд
Партија Процент Места
ЦДУ 36,6 19
СПД 32,6 17
ГАЛ 16,7 8
Ди Линке 7,1 4
ФДП 5,6 3

Економија[уреди | уреди извор]

Hamburg International, авиопревозник има седиште во округот.[6]

Образование[уреди | уреди извор]

Округот има 30 основни улилишта и 26 средни училишта.[7]

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Здравствен систем[уреди | уреди извор]

Неколку болници се наоѓаат во округот Хамбург-Норд, меѓу другите и универзитетскиот медицински центар Хамбург-Епендорф (UKE), Мартинштрасе 52, во квартот Епендорф, со 1.369 кревети и 109 дневни места во 21 оддел. UKE е општа болница и универзитетска болница на Универзитетот Хамбург и обезбедува капацитет за давање на итни услуги.[8] Болницата Асклепиос Клиник Норд со неговите оддели Хајдберг и Оксецол се наоѓа во квартот Лангенхорн. Таа е општа болница и обезбедува капацитет за давање на итни услуги. Делот Оксенцол е исто така специјализиран за псијатриски проблеми. Болницата Асклепиос Клиник Бармбек е исто така општа болница. Болницата Бетанин, Мартинштрасе 41-49, е специјализирана за дијабетски болести со 20 дневни места за геријатриски случаи.[9]

Има 154 дневни центри за деца и 733 лекари во приватни ординации и 92 аптеки.[7]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Округот е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница и градските возови преку неколку станици.

Постојат и неколку излези за А7.

Според, секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Норд имало регистрирани 99.440 приватни возила (359 возила/1000 луѓе).[7] Биле направени 1.733 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.420 несреќи со жртви.[10]

Аеродромот Хамбург се наоѓа во квартот Фулсбител.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн 1987
  2. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн 31.12.2007 Извор: Биро за регистрација на граѓаните
  3. Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Извор: Биро за регистрација на граѓаните
  4. Покраински биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  5. Резултати од изборите, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
  6. Контакт Архивирано на 10 април 2008 г..“ Hamburg International. Retrieved на 7 јули 2010.
  7. 7,0 7,1 7,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
  8. Болници во Хамбург, страница 5
  9. Болници во Хамбург, страница 14
  10. Статистика за сообраќајни незгоди, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]