Прејди на содржината

Бергедорф

Координати: 53°29′14″N 10°12′37″E / 53.48722° СГШ; 10.21028° ИГД / 53.48722; 10.21028
Од Википедија — слободната енциклопедија
За квартот, видете Бергедорф (кварт).
Бергердорф

Bergedorf

Округ во Хамбург
Мало пристаниште во Бергедорф
Мало пристаниште во Бергедорф
Мало пристаниште во Бергедорф
Грб на Бергердорф
Бергердорф во рамките на Германија
Бергердорф
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Округ единици 14 квартови
Основни податоци
Површина 154,8 км2
Население 118.942  (1 јануари 2006)
 - Густина 768 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Окрузи на Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°29′14″N 10°12′37″E / 53.48722° СГШ; 10.21028° ИГД / 53.48722; 10.21028

Бергедорф (германски: Bergedorf) — најголем од седумте окрузи на Хамбург, Германија и кварт во рамките на округот. Во 2006 година, населението изнесувало 118.942 жители.

Историја

[уреди | уреди извор]

Градот Бергедорф добил градски права во 1275 година, тогаш дел од помладото Војводство Саксонија (1180–1296), кое било поделено на четири војводства во 1296 година во две групи на војводства Саксо-Лауенбург и Саксо-Витенберг. Тогаш, Бергедорф станал дел од првото. Ова траело до 1303 година, кога тројцата владејачки војводи, Алберт III, Ерик I и Јохан II го поделиле нивното војводства на три помали војводства.

Тогаш, Ерик го задржал Бергедорф и Лауенбург и го наследил делот на неговиот бездетен брат Алберт III, Саксо-Рацебург, и го задржал делот на вдовицата на Алберт, Маргарет од Бранденбург-Залцведел по нејзината смрт.[1] Меѓутоа, неговиот постар брат, Јохан II, побарувал дел, па во 1321 година, Ерик го предал Бергедорф нему, чиј дел така станал познат како Саксо-Бергедорф-Мелн, додека делот на Ерик бил познат како Саксо-Рацебург-Лауенбург.

Во 1370 година, четвртиот наследник на Јохан, Ерик III ги заложил Бергедорф, Фирланде, половина од Саксонската Шума и Гестхахт на Либек за кредит во износ од 16.262,5 либечки марки.[2] Овие поседи биле распоредени по трговскиот пат помеѓу Хамбург и Либек, со што обезбедувало сигурен премин на стоката помеѓу градовите. Ерик III единствено задржал доживотна станарина.

Градот Либек и Ерик III понатаму пропишале дека по неговата смрт, Либек ќе ја преземе сопственоста на поседите на заложените места додека неговите наследници не го исплатат кредитот и истовремено не извршат повторен откуп на Мелн (договорен во 1359 година), севкупно изнесувајќи огромна сума од 26.000 либечки марки.[3]

Во 1401 годија, Ерик III умрел без наследник и бил наследен од неговиот втор братучед Ерик IV од Саксо-Рацебург-Лауенбург. Во истата година, Ерик IV, поддржан од неговите синови Ерик (подоцна владеел како Ерик V) и Јохан, принудно ги освоиле заложените области без да извршат некаква исплата, пред Либек да може да ја преземе сопственоста на поседите. Либек се помирил со состојбата.[4]

Во 1420 година, Ерик V го нападнал принц-изборниот кнез Фридрих I од Бранденбург и Либек се здружил со Хамбург како поддршка на Бранденбург. Војските на обата града отвориле втор фронт и ги освоиле Бергедорф, замокот Рипенбург и речната царинска испостава Еслинген (денес ферибот Цоленспикер) за неколку недели. Ова го приморало Ерик V да се договори со хамбуршкиот градоначалник Хајн Хојер и градоначалникот на Либек Јордан Плесков на Перлебершкиот договор, склучен на 23 август 1420 година, кој пропишал дека сите заложени области, кои Ерик IV, Ерик V и Јохан IV насилно ги презеле во 1401 година, неотповикливо требало да бидат отстапени на градовите Хамбург и Либек.

Градовите ги управувале областите со двојна управа односно посед на обата града (Beiderstädtischer Besitz), владеени со управници на четиригодишен мандат, именувани од еден од градовите. Во 1446 година, мандатот на управниците бил продолжен на шест години, а во 1620 година на доживотен мандат. Во 1542 година, управникот Дитмар Кел ја вовел реформацијата во овие области. Областа била службено припоена од Првото Француско Царство помеѓу 1811 и 1813 година. Потоа, областа била вратена на Хамбург и Либек, обете суверени држави. Првата железница во Северна Германија била отворена помеѓу Хамбург и Бергедорф во 1842 година.

Од 1 јануари 1868 година, Либек го продал својот дел во областа на Слободниот и Ханзин град Хамбург за 200.000 пруски талери. Хамбург ја припоил областа кон неговата територија, создавајќи го Грофовијата Бергедорф, составено од градовите Бергедорф и Гестхахт и бројни рурални општини надвор од градот Хамбург. Со Законот за голем Хамбург од 1937 година, енклавата Гестхахт била предадена на Шлезвиг-Холштајн. Градот Бергедорф и другите општини станале дел од округот Бергедорф, дел од градот Хамбург со почеток од 1 април 1938 година.

Бергедорф е исто така познат како „градина на Хамбург“.

Географија

[уреди | уреди извор]

Округот Бергедорф се состои од квартовите Алермее, Алтенгаме, Бергедорф, Билвердер, Курслак, Кирхвердер, Лобриге, Морфлет, Нојалермее (нов кварт од јануари 2011 г.), Нојенгаме, Оксенвердер, Рајтброк, Шпаденланд и Татенберг.

Во 2006 година, според статистичката служба на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, округот Бергедорф имал вкупна површина од 154,8 км2.

Денешниот кварт е стариот град Бергедорф, сместен на реката Биле, десна притока на Елба.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 2006 година во округот Бергедорф живееле 118.942 жители. Густината на населеност била 769 жители на км2. 19,3% биле деца под 18 години, а 18,2% имале 65 години или повеќе. 9,6% биле имигранти. 6.027 луѓе биле невработени.[5] Во 1999 година, имало 51.752 домаќинства и 34,6% од сите домаќинства биле составени од поединци.[6]

Според Секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt) имало 48.003 приватни автомобили (406 автомобили на 1.000 луѓе) во округот Бергедорф.[7]

Постоеле 22 основни училишта и 16 средни училишта.[7]

Поштенски марки

[уреди | уреди извор]
Црква Св. Петар и Павле

Бергедорф е познат на филателистите поради издавањето сопствени поштенски марки од 1861 година. Во тоа време имал 2.989 жители, правејќи најмал германски град кој издавал марки. Изданијата вклучувале 5 марки со апоени од половина до 4 шилинзи. Сите го користеле истиот дизајн — заеднички грб на Хамбург и Либек — но со повисока вредност биле поголемите марки. Сите вредности биле печатени во црно на различни обоени хартии, освен онаа од 3 шилинзи, која била печатена во сино на розова хартија.

Бидејќи Бергедорф бил мал град, релативно малку од овие марки биле правени, уште помалку користени; цената на неискористените марки е доста порасната.

Бергедорф започнал да користи марки во Северногерманскиот Сојуз во 1868 година.

Познати градби

[уреди | уреди извор]
Замок Бергедорф, денес дом на историски музеј.
Спомен-плоча за Нафтали Левензон
  • Црква Св. Петар и Павле
  • Предавателна кула Хамбург-Бергедорф
  • Предавател Хамбург-Билштет
  • Хамбуршка опсерваторија
  • Замок Бергедорф

Познати жители

[уреди | уреди извор]
  1. Cordula Bornefeld, "Die Herzöge von Sachsen-Lauenburg", in: Die Fürsten des Landes: Herzöge und Grafen von Schleswig, Holstein und Lauenburg [De slevigske hertuger; германски], Carsten Porskrog Rasmussen (ed.) on behalf of the Gesellschaft für Schleswig-Holsteinische Geschichte, Neumünster: Wachholtz, 2008, pp. 373-389, here p. 377. ISBN 978-3-529-02606-5
  2. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (Historische Studien; 406), p. 90, simultaneously: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  3. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (Historische Studien; 406), pp. 90seq., simultaneously: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  4. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (Historische Studien; 406), p. 137, simultaneously: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  5. Регистрациска служба за жители; извор: Статистиќка служба на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Извор: Статистичка служба на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  7. 7,0 7,1 Извор: Статистичка служба на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Harald Richert: Bergedorf - eine selbständige Stadt. In: Lichtwark Nr. 54. Hrsg. Lichtwark-Ausschuß, Bergedorf, 1991. Jetzt: Verlag HB-Werbung, Hamburg-Bergedorf. ISSN 1862-3549

.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]