Слободен Град Либек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слободен и ханзеатски град Либек
Freie und Hansestadt Lübeck
Слободен царски град на Светото римско царство
Член на Германската конфедерација
Член на Северногерманската конфедерација
Држава на Германското царство
Држава на Вајмарската Република
Holstein Arms.svg
1226–1811
1815–1937

Знаме Грб
Местоположба на Слободниот Град Либек во рамките на Германското царство
Главен град Либек
Уредување република
Историја
 -  добиена царска непосредност
    од царот Фридрих II
1226
 -  анексиран од Француското царство 1811
 -  повратена сувереност на
    Виенскиот конгрес

1815
 -  Укинат со
    Законот за голем Хамбург

1 април 1937
Површина
 -  1905 297,7 км²
Население
 -  1834 36.464 
 -  1871 52.158 
 -  1900 96.775 
 -  1933 136.413 
Денес во  Германија

Слободен и ханзеатски град Либек (германски: Freie und Hansestadt Lübeck) — поранешен град-држава, кој постоел од 1226 година до 1937 година, во сегашните германски сојузни покраини Шлезвиг-Холштајн и Мекленбург-Западна Померанија.

Историја[уреди | уреди извор]

Слободен царски град и Ханза[уреди | уреди извор]

Територијата на Слободниот Град Либек, 1815–1937

Во 1226 година, царот Фридрих II го прогласил градот Либек за слободен царски град. Со Законот на Либек биле уредени формите на владеење, откако градот станал слободен град. Во теорија, со Законот на Либек, градовите кои ќе го прифателе станувале независни од монархијата. Во XIV век, Либек станал „Кралица на Ханзата, нејзин главен град, а воедно и најголем и најсилен член на оваа моќна средновековна стопанска организација.

Во 1359 година Либек го купил војводскиот феуд Мелн од задолжениот Алберт V, војвода на Саксо-Бергедорф-Мелн, дел на војводската династија на Саксо-Лауенбург. Градот и војводата — со согласност на братот на војводата Ерик — се согласиле на цена од 9.737,50 либечки марки. Страните исто така се согласиле на клаузула која дозволува повторно купување на поседите од војводата или неговите наследници, но само ако го купат поседот за себе, а не за трета страна.[1] Либек сметал дека ова припојување ќе биде многу важно, бидејќи Мелн бил важна попатна станица во трговијата (особено трговијата со сол) помеѓу Скандинавија и градовите Брауншвајг и Линебург преку Либек. Така, Либек го обезбедил Мелн со вооружена стража за да обезбеди ред на патиштата.

Во 1370 година, Либек се проширил повторно — како обезбедување на заем — кон феудите Бергедорф, Фирланде, половина од Саксонската Шума (Sachsenwald) и Гестахт од војводата Ерик III, кој во меѓувреме го наследил неговиот постар брат V.[2] Ова проширување ги вклучило поголемиот дел од трговските патишта помеѓу Хамбург и Либек, со тоа обезбедувајќи безбедна товарна рута помеѓу градовите. Ерик III го задржал правото на доживотен наем за овие земји.

Либек и Ерик III понатаму се договориле дека кога Ерик ќе умре, Либек ќе може да ја преземе сопственоста на заложените територии додека неговите наследници не можат да го исплатат долгот и истовремено да го извршат повторното купување на Мелн. Дотогаш, сумата за поседите се искачила на 26.000 либечки марки, огромна сума на пари во тоа време.[3]

Во 1401 година, Ерик III умрел без наследник и бил наследен од неговиот втор братучед, Ерик IV, војвода на Саксо-Рацебург-Лауенбург. Во истата година, Ерик IV, поддржан од неговите синови Ерик (подоцна крунисан како Ерик V) и Јохан IV (подоцна Јохан IV), ги освоиле заложените поседи без да ја извршат договорената сума и пред Либек да може да ја преземе сопственоста на нив. Либек се согласил со тоа.[4]

Во 1420 година, Ерик V го нападнал Фридрих I, изборен кнез на Бранденбург, и Либек го побарал Хамбург за воен сојуз како поддршка на Бранденбург. Војските на двата града отвориле втор фронт и ги освоиле Бергедорф, замокот Рипенбург и царинската испостава на реката Еслинген (денес ферибот Цоленшпикер) за неколку недели. Ова го приморало Ерик V да се согласи на мир во Перлеберг на 23 август 1420 година, во која било наведено дека сите заложени територии, кои Ерик IV, Ерик V и Јохан IV насилно ги презеле во 1401 година, мора да бидат неотповикливо предадени на градовите Хамбург и Либек. Градовите ги претвориле овие области во „посед на обата града“ (Beiderstädtischer Besitz), владеени од управители со четиригодишен мандат. Управителите доаѓале од еден од градовите.

Ханзата, под водство на Либек, учествувала во неколку војни против Данска со различни исходи. Додека Либек и Ханзата победиле во 1435 и 1512 година, Либек загубил кога бил вмешан во Грофовска расправа, граѓанска војна во Данска од 1534 до 1536 година. Либек, исто така, се приклучил на Шмалкалденскиот сојуз. По неговиот пораз во Грофовската расправа, моќта на Либек полека слабеела. Либек останал неутрален во Триесетгодишната војна, но воените уништувања и новата трансатлантска насоченост на европската трговија, Ханзата, а со тоа и Либек, ја изгубиле важноста. По де факто распуштањето на Ханзата во 1669 година, Либек останал важен трговски град на Балтичкото Море.

Целосна сувереност во 1806 година[уреди | уреди извор]

Либек останал Слободен царски град дури и по германската медијатизација во 1803 година и станал суверена држава по распаѓањето на Светото римско царство во 1806 година. Во текот на војната на Четвртата коалиција против Наполеон, трупите под водство на Бернадоте го окупирале неутралниот Либек по битката против Блихер на 6 ноември 1806 година.

Прва анексија[уреди | уреди извор]

Во континенталната блокада, трговијата настрадала и од 1811 до 1813 година, Либек формално бил дел од Првото француско царство.

Повторно основање како суверена држава[уреди | уреди извор]

Либек го вратил својот статус од пред 1811 година во 1813 година. Виенскиот конгрес од 1815 година ја потврдил независноста на Либек и станал една од 39. суверени држави на Германската конфедерација. Либек се приклучил на Северногерманската конфедерација во 1867 година. Следната година, Либек го продал својот удел во кондоминиумот Бергедорф на Слободниот и Ханзин град Хамбург, кој исто така бил суверена држава на Северногерманската конфедерација.[5] Во 1871 година, Либек станал автономна составна држава во рамките на новосоздаденото Германско царство. Неговиот статус ослабнал во текот на Вајмарската Република со присилувањето на Републиката на нејзиното право да ги одредува државните и царските даноци. Во 1935 година, државноста на Либек, како и на сите други германски држави, целосно исчезнала, иако не била формално укината.

Втора и последна анексија[уреди | уреди извор]

Во 1937 година, нацистите го донеле Законот за голем Хамбург, со кој блискиот Ханзеатски град Хамбург бил проширен со блиските градови кои порано припаѓале на пруската покраина Шлезвиг-Холштајн. За да ѝ надомести на Прусија за овие загуби (и делумно поради личната омраза на Адолф Хитлер на Либек поради одбивањето да одржи говор таму во 1932 година)[6] 711-годишната сувереност на Либек престанал и скоро целата негова територија била припоена кон Шлезвиг-Холштајн.

Либек окупиран од британската армија во последните денови на Втората светска војна. Подоцна, советската армија ја окупирала целата територија на исток од градот, како што било договорено помеѓу сојузничките сили. Прусија била укината како држава од сојузничките сили по војната. Меѓутоа, за разлика од Хамбург и Бремен, на Либек не му била вратена сувереноста. Наместо тоа, градот бил припоен кон новата сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Elisabeth Raiser, Städtische Territorialpolitik im Mittelalter: eine vergleichende Untersuchung ihrer verschiedenen Formen am Beispiel Lübecks und Zürichs, Lübeck and Hamburg: Matthiesen, 1969, (Historische Studien; 406), p. 88: Hamburg, Univ., Diss., 1969.
  2. Elisabeth Raiser, p. 90.
  3. Elisabeth Raiser, pp. 90 seq.
  4. Elisabeth Raiser, p. 137.
  5. Хамбург ја припоил областа кон неговата територија, кој денес го претставува современиот кварт Бергедорф.
  6. Либек: Градот што му рекол не на Хитлер, Сајмон Хефер, The Daily Telegraph; 28 јуни 2010.