Алтенвердер
| Алтенвердер | |
| Кварт во Хамбург | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Хамбург |
| Град | Хамбург |
| Реон | Хамбург-Харбург |
| Основни податоци | |
| Површина | 7 км2 |
| Население | 2 (31 декември 2006) |
| - Густина | 0 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | HH |
| Повик. бр. | 040 |
| Местоположба на Алтенвердер во Хамбург | |
| Координати | 53°30′0″N 9°55′0″E / 53.50000°N 9.91667°E |
Алтенвердер е кварт во округот Харбург на Слободниот и ханзеатски град Хамбург во северна Германија. Во 1970-тите, градот Хамбург ги објавил формалните планови за купување на целокупниот имот за градба на контејнерскиот терминал Алтенвердер. Терминалот започнал со работа во 2003. Квартот Алтенвердер скоро и да не е населен. Во 2007, населението било 2.
Историја
[уреди | уреди извор]
Околу 1418, населбата била одново заградена со насипи, поради договорот помеѓу војводата на Брауншвајг-Линебург и Јохан Сламсдорп, надбискупот на Бремен.
Географија
[уреди | уреди извор]Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Алтенвердер имал вкупна површина од 6,8 км2. На север е квартот Валтерсхоф на округот Хамбург-Мите, на исток е квартот Вилхелмсбург. Алтенвердер се граници на југ со Морбург и на запад со Франкоп.
Демографија
[уреди | уреди извор]Во 2006, во квартот Алтенвердер живееле две лица.[1]
Во 1999, имало 18 домаќинства, од кои 11,1% имале деца под 18 години, кои живееле со нив, а 83,3% од сите домаќинства биле сочинети од само еден член. Просечната големина на домаќинството било 1,44.[2]
Население по години [1]
| 1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
| 76 | 74 | 67 | 90 | 105 | 421 | 410 | 319 | 324 | 130 | 52 | 37 | 23 |
| 2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 |
| 1 | 12 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 |
Во 2006, имало 54 кривични дела.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
- ↑ Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
- ↑ Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Altenwerder на Ризницата ?
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)
| |||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||
|
| Оваа статија за место во Хамбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |


