Алтона (Хамбург)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алтона
Округ во Хамбург
Сол Ле Вит, црна плоча посветена на изгубените Евреи, градско собрание на Алтона.
Сол Ле Вит, црна плоча посветена на изгубените Евреи, градско собрание на Алтона.
Грб на Алтона
Алтона (Хамбург) се наоѓа во Германија
Алтона (Хамбург)
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Округ единици 13 квартови
Основни податоци
Површина 78 км2
Население 243.972  (31 декември 2006)
 - Густина 3.128 жит/км2
Основано 1535
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Окрузи на Хамбург
Окрузи на Хамбург
Координати 53°33′00″ СГШ 9°56′00″ ИГД / 
Размислување и контра-спомен на поранешниот Алтона полк

Алтона е најзападниот урбан округ (Bezirk) на германската град-држава Хамбург, на десниот брег на реката Елба. Од 1640 до 1864 Алтона била под администрација на данската монархија. Алтона бил независен град до 1937.

Историја[уреди | уреди извор]

Основан во 1535 како рибарско село, во 1664 Алтона добила градски права од данскиот крал Фредерик III. До 1864, Алтона бил еден од најважните пристанишни градови на данската монархија. Железничката пруга од Алтона до Кил, Железничка линија Кристијан VIII - Балтичко Море (Christian VIII Østersø Jernbane), била отворена во 1844.

Поради некои ограничувања, бројот на Евреи бил ограничен во градот Хамбург (со исклучок на периодот 1811–15,) до 1864, главната еврејска заедница била развиена во Алтона.[1] Членовите имале работа како во Хамбург, така и во Алтона. Сите остатоци по нацистичкиот Холокауст во текот на Втората светска војна се во еврејските гробишта, но во 17-от, 18-от и 19-от век, заедницата била главен центар на еврејскиот живот и учењето. Данците имале пониски даноци и поставувале помали граѓански ограничувања на еврејската заедница, отколку владата на Хамбург.

Војните помеѓу Данска и Кралството Прусија, како што се Прва шлешка војна (1848–1851) и Втора шлешка војна (февруари 1864 – октомври 1864) следени од конвенцијата Гаштајн (1864), довели до отцепување од Данска на Војводствата Шлезвиг, Холштајн и Лауенбург под пруска и австриска администрација, соодветно. Во 1867, Алтона станала дел од Кралството Прусија.

Во 1871, Алтона и соседниот град Хамбург биле погодени од колера, со минимум 16 жртви.[2]

Во текот на Вајмарската ера по Првата светска војна, градот Алтона бил погоден од големите работнички штрајкови и уличните нереди. Инфлацијата во Германија била главен проблем. Во 1923, Макс Брауер, градоначалникот на Алтона, наредил градскиот персонал дел од платата да ја прими во метри кубни за гас, бидејќи ваквиот начин бил имун од инфлација.[3] Најпознатиот настан од ова време е Крвава недела во Алтона (германски: Altonaer Blutsonntag) на 17 јули 1932, кога неколку лица биле застрелани од полициските сили за време на демонстрациите на нацистичките групи. По полициските акции и специјалниот суд, на 1 август 1933 Бруно Теш и други биле прогласени за виновни и осудени на смрт преку обезглавување со рачна секира.[4][5] Во 1990-тите, Сојузна Република Германија ги отповика обвинувањата за Теш и другите мажи, кои биле егзекутирани, чистејќи ги нивните имиња.

Законот за голем Хамбург го премести Алтона од Слободната Држава Прусија во 1937 и ја припои (и неколку околни градови) кон Слободниот и ханзеатски град Хамбург во 1938.

На 1 февруари 2007, Ortsämter во Хамбург биле распуштени. Во Алтона, окружни канцеларии биле Бланкенезе, Луруп и Осдорф. На 1 март 2008, соседството Шанценфиртел, кое се протегало низ делови на окрузите Алтона, Ајмсбител и Хамбург-Мите, станало кварт Штерншанце, кое сега целосно е во округот Алтона.[6]

Географија[уреди | уреди извор]

Границата на Алтона на југ е реката Елба и преку реката е покраината Долна Саксонија и окрузите Харбург и Хамбург-Мите. На исток е округот Хамбург-Мите, а на север е округот Ајмсбител. Западната граница е со покраината Шлезвиг-Холштајн. Според статистичкото биро на Хамбург, површината на Алтона во 2006 била 77,5 км².

Квартови[уреди | уреди извор]

Политички, следниве квартови (германски Stadtteile) се дел од округот Алтона:

  1. Алтона-Алтштат
  2. Алтона-Норд
  3. Баренфелд
  4. Отензен
  5. Отмаршен (вклучувајќи делови од Клајн Флотбек)
  6. Грос Флотбек
  7. Осдорф
  8. Луруп
  9. Нинштетен (вклучувајќи делови од Клајн Флотбек)
  10. Бланкенезе
  11. Изерброк
  12. Зилдорф
  13. Рисен
  14. Штерншанце


Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2006, во округот Алтона живееле 243.972 луѓе. 16,4% биле деца под 18 години, а 18,6% имале 65 години или повеќе. 15,3% биле имигранти. 12.545 луѓе биле регистрирани како невработени.[7] Во 1999, 48% од сите домаќинства биле составени од еден член.[8]

Постоеле 37 основни и 30 средни училишта во Алтона и 635 лекари во приватни ординации и 67 аптеки.[9]

Окружен парламент[уреди | уреди извор]

Симултано со изборите на покраинскиот парламент (Bürgerschaft), Bezirksversammlung е избран како претставник на граѓаните. Се состои од 51 претставник.

Поврзано: Окрузи и квартови во Хамбург#Окрузи

Избори[уреди | уреди извор]

Изборите биле одржани во Хамбург на 20-ти февруари 2011. Пет партии кои имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за квалификување) се конзервативната CDU, социјалдемократската SPD, еколошката Зелена партија (GAL), левата Ди Линке и либералната слободна демократска партија (FDP).

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Алтона Bahnhof (железничка станица) во 1971. Автобуси, влечни коли, возови и возови на С-Железницата се среќаваат на ова место.

Алтона е место на главната железничка станица, Хамбург-Алтона, поврзувајќи ги локалните градски возови со регионалните возови и локалните автобуси линии.

Автопатот 7 води низ округот Алтона.

Според секторо за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во Алтона биле регистрирани 87.131 приватно возило (359 возила/1000 луѓе).[9]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Родени
Починати

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Лауентал, Марвин (1977), Спомените на Хамелн, Њујорк: Shocken Books, стр. 5–10, ISBN 9780805205725 
  2. "Колера", The New York Times, 1871-08-31 
  3. Verg, Erich; Verg, Martin (2007), Das Abenteuer das Hamburg heißt (4th изд.), Hamburg: Ellert&Richter, стр. 158, ISBN 9783831901371  (германски)
  4. "Назад на секирата!", The Time Magazine, 1933-08-14, конс. 2008-08-14 
  5. Stolpersteine in Hamburg |url=http://87.106.6.17/stolpersteine-hamburg.de/en.php?&LANGUAGE=EN&MAIN_ID=7&BIO_ID=234%7C
  6. Закон за територијална организација
  7. Служба за пријавување на граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  8. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  9. 9,0 9,1 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]