Прејди на содржината

Хамбург-Мите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хамбург-Мите
Округ во Хамбург
Hamburg center Binnenhafen
Hamburg center Binnenhafen
Hamburg center Binnenhafen
Хамбург-Мите во рамките на Германија
Хамбург-Мите
Управа
Земја Германија
ПокраинаХамбург
ГрадХамбург
Округ единици22 квартови
Основни податоци
Површина107 км2
Население 233.144  (31 декември 2006)
 - Густина2.179 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.HH
Повик. бр.040
Местоположба на Хамбург-Мите во рамките на Хамбург
Карта
Карта
Координати53°33′1″N 9°59′39″E / 53.55028°N 9.99417°E / 53.55028; 9.99417

Хамбург-Мите (буквално: Хамбург-Центар) се наоѓа во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Германија е еден од седумте окрузи на Хамбург, покривајќи го поголемиот дел од урбаниот центар на градот Хамбург. Квартовите Хамбург-Алтштат (буквално: Хамбург-Стар град) и Нојштат (буквално: Нов град) се историските јадра на Хамбург.

Историја

[уреди | уреди извор]
Хамбург во 18-от век, Millerntor во Занкт Паули, Хамбург (Црквата Свети Михаил во градот)

Во 1937 неколку населби (н.п. Финкенвердер), села и рурални области се припоиле кон Хамбург, по влегувањето во сила на Законот за голем Хамбург.

На 1 март 2008, поради законот во Хамбург,[1], квартот Вилхелмсбург бил преместен од округот Харбург. Соседството Хафен Сити било создадено од делови на квартовите Клостертор, Алтштат и Ротенбургсорт. Другиот дел на Клостертор бил припоен кон Хамерброк. Од мали делови на округот Хамбург-Мите (и Алтона и Ајмсбител) соседството Штерншанце било создадено како кварт во округот Алтона.

Географија

[уреди | уреди извор]

Округот го прекинува Хамбург од исток кон запад. Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, Хамбург-Мите имал вкупна површина од 107,1 км2.

Се состои од квартовите Билброк, Билштет, Боргфелде, Финкенвердер, Хафен Сити, Хамбург-Алтштат, Хам-Норд, Хам-Мите, Хам-Зид, Хамерброк, Хорн, Клајнер Грасброк, Нојштат, Нојверк, Ротенбургсорт, Занкт Георг, Занкт Паули, Штајнвердер, Федел, Валтерсхоф и Вилхелмсбург.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 2006, во округот живееле 233.144 луѓе. Густината на населеност била 2.177 жители на км2. 14,9% биле деца под 18 години, а 15,6% имале 65 или повеќе години. 43% биле со имигрантско потекло[2]. 17.550 лица биле регистрирани како невработени.[3]

Во 1999, имало 126.753 домаќинства од кои 17,9% имале деца под 18 години кои живееле со нив, а 52,4% од сите домаќинства биле составени од еден член. Просечната големина на домаќинството била 1,83.[4]

Население по години[3]

1987198819891990199119921993199419951996199719981999
232.467235.759242.434249.156250.585252.695251.965248.802246.374242.029237.648230.542228.349
2000200120022003200420052006200720082009
228.060227.199227.915228.117227.557230.680233.114

Во 2006, имало 71.559 кривични дела во округот (307 дела на 1000 жители).[5]

Окружен парламент

[уреди | уреди извор]

Симултано со изборите за покраинскиот парламент (Bürgerschaft), се избира и Bezirksversammlung како тело на претставници на граѓаните. Се состои од 53 претставници.

Изборите биле одржани во Хамбург на 24 февруари 2008. Четири партии, кои имале над 5 проценти на неодамнешните избори (минимум за избори) се социјалдемократската SPD, конзервативната CDU, еколошката Зелена партија (GAL) и левата Die Linke. Либералната FDP имала 2 директно избрани претставници.[6]

Германски графикон за местата во окружниот парламент во Хамбург-Мите
Партија Проценти Места
SPD37,217
CDU31,621
GAL13,27
Die Linke10,26
FDP4,22

Образование

[уреди | уреди извор]

Округот има 31 основно училиште и 31 средно училите.[7]

Црквата Свети Михаил во 2005

Рекреација

[уреди | уреди извор]

Planten un Blomen (Растенија и цвеќиња) е парк, кој се наоѓа во квартовите Занкт Паули и Нојштат. Во квартот Билштет се наоѓа Ејендорфското Езеро.

Економија

[уреди | уреди извор]

Објектите на пристаништето Хамбург главно се наоѓаат во квартовите Клајнер Грасброк, Штајнвердер, Федел и Вилхелмсбург.

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]

Главната локална канцеларија (Bezirksamt Hamburg-Mitte) се наоѓа на улицата Клостервал и има уште други 4 локални бироа, наречени Customer Centre Hamburg-Mitte, Customer Centre Billstedt, Customer Centre St. Pauli и Customer Centre Wilhelmsburg. Бироата се одговорни меѓудругото за пријавување на жителите поради студирање или работа по влегувањето во државата.

Здравствен систем

[уреди | уреди извор]

Има 125 дневни центри за деца и 536 лекари во приватни ординации и 72 аптеки.[7] Asklepios Klinik St. Georg, која се наоѓа во квартот Занкт Георг, е главната болница во Хамбург-Мите.

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Округот е опслужуван од железничкиот систем на градските возови и подземната железница со неколку станици. Централната станица Hamburg Hauptbahnhof е исто така железничка станица за возови на подолги одредишта на германската железничка компанија.

Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во округот Хамбург-Мите биле регистрирани 66.381 приватно возила (290 возила на 1000 жители).[7] Имало вкупно 2.432 сообраќајни несреќи, вклучувајќи и 1.905 со жртви.[8]

  1. Закон за територијална организација
  2. „архивска копија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-08-21. Посетено на 2011-12-11.
  3. 1 2 Служба за пријавување граѓани, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
  4. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  5. Покраинско биро за истражување (Landeskriminalamt), Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Конечни изборни резултати, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2008)
  7. 1 2 3 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (31.12.2006)
  8. Статистика за сообраќајни несреќи, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]