Прејди на содржината

Саксонска Шума

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саксонска Шума
Sachsenwald
Местоположба на Саксонската Шума
во округот Војводство Лауенбург,
светлоцрвената е општинската заедница Хое Елбгест
Слободна област
Местоположба:источно од Хамбург
Покраина:Шлезвиг-Холштајн
Округ:Војводство Лауенбург
Општ. заедница:Хое Елбгест
Површина:58,49 км2
Население:официјално ненаселена
Поштенски број:21521
Повикувачки број:04104
Администрација:Рупрехт фон Хаген
Am Schloßteich 1
21521 Фридрихсру
Мрежно место:Sachsenwald.de
Делови:3 подрачја
Шварце Ау источно од Штангентајх
Биле во северниот дел на Саксонската Шума кај Вицхафе

Саксонска Шума (германски: Sachsenwald) — една од двете слободни области во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн. Другата е Буххолц, во округот Зегеберг. Се наоѓа источно од Хамбург во југозападниот дел на округот Војводство Лауенбург и се граничи со округот Штормарн.

Географија

[уреди | уреди извор]

Саксонската Шума зафаќа површина од близу 70 км2 и со тоа е најголемата шумска област во Шлезвиг-Холштајн. Припаѓа на општинската заедница Хое Елбгест како слободна област.

Саксонската Шума поделена е на три подрачја:

  • Аумиле
  • Волторф
  • Штангентајх

На пописот на населението од 25 мај 1987 година во областа се запишани шест станбени објекти, сите ненаселени.

Населените делови на шумата припаѓаат како енклави на општината Аумиле.[1]

Низ Саксонската Шума во насока исток-запад тече Шварце Ау. Долж северозападната граница на областа тече реката Биле, во која кај Аумиле се влева Шварце Ау.

Целокупната долина на Биле е прогласена за природна област.

Површина

[уреди | уреди извор]

Областа се состои 94% од шума, одвај три проценти од земјоделска површина и три проценти патишта:[2]

Површина
31 декември 2004
ХектариПроценти
Шума5.49093,9
Земјоделска површина1452,5
Мор60,1
Сообраќајни површини220,4
Патишта1322,3
Градби10,0
Слободна површина10,0
Претпријатија80,1
Водотеци230,4
Без употреба160,3
Вкупно5.849100,0

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Саксонската Шума е важна област за одмор за Хамбург. Патишта кои поминуваат низ Саксонската Шума се:

Железнички

[уреди | уреди извор]
  • Низ областа поминува линијата Хамбург-Шверин-Росток во насока исток-запад, на која сообраќа регионалниот воз Р20. Блиски постојки се Аумиле, Фридрихсру и Шварценбек.
  • Линијата С21 на хамбуршката С-Железница завршува на постојката Аумиле.

Знаменитости

[уреди | уреди извор]
  • Замок Фридрихсру со музеј и мавзолеј на Бизмарк (замокот не е јавен)
  • Градина на пеперутки во Фридрихсру (отворен цела година)
  • Клетергартен
  • Фондација Ото фон Бизмарк во железничката станица на Фридрихсру

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

53°32′N 10°22′E / 53.533°N 10.367°E / 53.533; 10.367